Кадетите на КУЛ одиграа реми со ФК Борец во Велес

Пионерите на КУЛ триумфално кај ФК Борец на тест-напревар
02/20/2021
(Фотогалерија) Пионерите триумфално кај Борец
02/21/2021

Кадетите на КУЛ одиграа реми со ФК Борец во Велес

Денес, кадетскиот тим на ФК КУЛ  гостуваше во Велес кај тимот на ФК Борец на пријателски напревар. Двете екипи прикажаа борбена игра на мечот кој заврши со почетните 0:0 (0:0).

Почетен состав: Миленковиќ, Алексоски, Ристески, Јованоски, Ивановски, Кузмановски, Јаневски, Станковски, Петрушевски, Стојчевски и Ѓорѓиевски (К).


Првиот период од овој пријателски меч донесе голема борба, двата тима одиграа цврст дуел со доста дуели и без голем број шанси. Домаќинот имаше само една прилика во овој период, на нашиот гол на висина на задачата беше Миленковиќ Лука. Два пати имавме шанса да се заканиме кон голот на велешани во овој период. Леонид Стојчевски се обиде од дистаница, но голманот на Борец успеа да прифати. Марко Стојчевски имаше обид по нафрлена топка од десниот агол, истата дојде до него кој беше на левата страна од казнениот простор. Нашиот играч упати силен удар со волеј кој за жал заврши крај стативата од голот на домаќинот. На пауза заминавме со почетниот резултат 0-0.

На почетокот од вториот период во игра влегоа: Јосифов , Ѓорѓиевски, Ивановски, С.Здравески, М.Здравевски, Тодоровски, Николов, и Насевски. Вториот дел започна со рамноправна игра на двете страни, тимот на Борец се закани, но нашиот гол Јордан Јосифов имаше одлична одбрана. Стефан Здравески изведе одличен слободен удар од 25.метра, упати одличен удар кој голманот на домаќинот го исфрли со крајни напори во корна.Ние потоа тргнавме кон голот на ривалот со цел да погодиме и да дојдеме до „цел плен“. Капитенот, Марко Ѓорѓиевски во последната минута изведе слободен удар.Шутна силно под гредата, голманот на Борец исфрло во корна. Тоа беше последна прилика на натпреварот денес. Дуелот кој се играше на Градскиот Стадион во Велес,  заврши мирољубиво со резултатска симетија, 0-0.