(ФОТО) КУЛ со 3 генерации гостуваше во Велес кај Борец Јуниор

„Богат“ викенд на натпревари за екипите на Кул
02/26/2021
Лош ден и висок пораз за генерација 2005 на пријателскиот натпревар против Брегалница
02/27/2021

(ФОТО) КУЛ со 3 генерации гостуваше во Велес кај Борец Јуниор

Денес нашиот тим, ФК КУЛ гостуваше во Велес кај екипата на ФК Борец Јуниор. Ние гостувавме со три генерации, 2009 година, 2010 и тимот на Кул за играчи родени 2011 година. Двата тима прикажаа допадлив фудбал, се надигруваа и бореа на сите три дуели.

 

Натпреварите против тимот на  Борец  Јуниор  се одиграа на помошното игралиште на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес. На овие мечеви ние остваривме три победи, најпрвин одиграа и триумфираа избраниците на Марко Арсовски и Александар Цветковски од 10:00 часот. По нив избраниците на Мирослав Тодоровски одиграа дуел кој го добија без примен погодок во мрежата на голманскиот тандем Крстевски.

Благодариме за добриот, спортски  и топол  прием на домаќинот на овие натпревари . Наскоро на нашиот сајт ќе  поставиме повеќе фотографии од денешните три контролни натпревари со велешките фудбалски надежи.