Лош ден и висок пораз за генерација 2005 на пријателскиот натпревар против Брегалница

(ФОТО) КУЛ со 3 генерации гостуваше во Велес кај Борец Јуниор
02/27/2021
Минимален пораз за нашите пионери во дуелот со Брегалница
02/27/2021

Лош ден и висок пораз за генерација 2005 на пријателскиот натпревар против Брегалница

Генерацијата 2005 на Кул после подолго време доживеа пораз и тоа на пријателски натпревар. Денес гостувавме во Штип каде одигравме контролен натпревар со екипата на Брегалница.

Момците на Саше Божиноски имаа навистина лош ден, одиграа слабо и на крајот беа високо поразени со резултат 7:1. Ова можеби беше и најлошиот натпревар на оваа генерација, но среќа што беше на пријателски дуел, кој е подготовка за стартот на пролетниот дел од сезоната кој е предвиден за следниот викенд. Примивме многу лесни и наивни голови, едноставно одбраната и целиот тим не беа на ниво. Пред да биде отворен резултатот, ние се заканивме преку Наков кој шутираше на додадена топка од Цветановски, но ударот заврши крај голот. Екипата на Брегалница успеа да го отвори резултатот со  гол од прекин. Беше нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од противничките играчи со глава успева да го совлада Јосифов за водство од 1:0. Вториот гол падна после акција од левата страна и уфрлување на топка во нашиот шеснасетник, за зголемување на 2:0, додека за предност од 3:0, домашниот тим погоди преку удар од белата точка. Се обидувавме да се соземеме од големата негатива, шанса имаше Петрушевски, чиј удар го брани противничкиот голман, додека пред крајот на првиот дел примивме уште еден гол од брз контра напад реализираа играчите на Брегалница за резултат 4:0 на полувреме.

Првата шанса во вториот дел ја имаше нашиот тим и тоа преку нововлезениот Виктор Стефановиќ кој се најде во ситуација да погоди, но голманот беше на висина на задачата. Екипата на Брегалница постигна два нови голови и зголеми на 6:0, додека ние почесниот гол го постигнавме преку Александар Богданоски. Во последната минута домаќинот даде уште еден гол во нашата мрежа за конечни 7:1 на овој пријателски дуел кој се одигра на теренот во „Бело Брдо“.

ФК КУЛ: Јосифов, Трајчевски, Станковски, Стефановиќ, Мицевски, Цветановски, Блажевски, Наков, Петрушевски, Васиќ и Богданоски.

Ова не е вистинската слика за оваа генерација која е актуелен освојувач на Купот на Македонија во оваа генерација и една од најдобрите во земјата во својата категорија. Пролетва не очекува полуфиналето во Купот, како и битката за пласман во најсилната супер лига од следната натпреварувачка сезона.