Минимален пораз за нашите пионери во дуелот со Брегалница

Лош ден и висок пораз за генерација 2005 на пријателскиот натпревар против Брегалница
02/27/2021
(Фотогалерија) Пионерите на Кул одиграа пријателски натпревар со Брегалница
02/28/2021

Минимален пораз за нашите пионери во дуелот со Брегалница

Пионерите на Кул денес го имаа првиот подготвителен натпревар во новата година. Избраниците на Един Нурединоски беа гостин на екипата на Брегалница од Штип. На еден „тврд“ натпревар победникот беше решен со само еден постигнат гол, истиот го постигна домашниот тим.

Со оглед дека има нови играчи во оваа генерација на Кул, тренерот Нурединоски може да биде задоволен од прикажаната игра на теренот. Не видовме многу шанси на овој пријателски натпревар, а резултатот по првото полувреме беше оној почетниот 0:0. Во нашите редови два обиди имаше капитенот Филип Стајковиќ, во двата наврати одбрани голманот на Брегалница, додека домаќинот исто така се закани кон нашиот гол, но одбрани Ројчинов. Прилика за Кул имаше и новото засилување, Горјан Манасиевски кој шутираше крај голот.

Се играше борбено и во вториот дел од овој натпревар, ние се обидувавме да постигнеме гол, но не ни успеваше. Обид нов имаше Манасиевски, но немаше промена на резултатот. После една наша голманска грешка и сомнителна офсајд позиција, противничката екипа ја погоди нашата мрежа и ги постави конечните 1:0 на натпреварот кој се одигра во Штип.

ФК КУЛ: Ројчинов, Петровски, Мицевски, Крстевски, Зафировски, Ѓоргиев, Митревски, Стајковиќ, Мифтари, Кадриовски и Манасиевски.