Најава за првото пролетно коло, Беласица е наш противник

(Фотогалерија) Генерација 2010 на Кул беше домаќин на Куманово
03/03/2021
Распоред на контролни натпревари за претстојниов викенд
03/05/2021

Најава за првото пролетно коло, Беласица е наш противник

За претстојниов викенд е закажан стартот на пролетниот дел во младинските фудбалски лиги. До крајот на првиот дел од сезоната треба да одиграме уште натпревари со екипата на Беласица, Борец и Силекс од Кратово.

Беласица ќе биде наш прв противник на отварањето на пролетниот дел. Пионерските екипи во недела (07.03.2021) ќе гостуваат во Струмица на теренот на „Општинско фудбалско игралиште Струмица “, додека во сабота (06.03. 2021) кадетите и младинците се домаќини на истиов противник на теренот на „Локомотива“

Пионерските екипи на Кул влегуваат како лидери на натпреварите со Беласица. Помладите имаат максимален број на освоени бодови после шест одиграни кола, додека пионерите собраа 15 бодови. Што се однесува до противникот во овие категории, генерацијата 2005 на Беласица има половичен ефект од три победи и три порази, додека генерацијата 2004 на шест дуели забележа три победи, еден нерешен резултат и два порази.

Идентично е и во кадетска втора лига, нашиот Кул е со максимални 18 бодови на првата позиција, додека Беласица има 9 бодови. Во младинската лига, екипите на Кул и Беласица имаат освоено ист број на бодови, вкупно 10 за двете екипи, или скор од три победи, еден нерешен и два порази.

Натпреварите ќе стартуваат во термините од 11:00 и 13:00 часот.