КУЛ генерација 2007 со високи 0:3 го совлада ФК Вардар

Распоред на контролни натпревари за претстојниов викенд
03/05/2021
Сигурна победа за кадетите на Кул, на стартот од пролетниот дел совладана екипата на Беласица
03/06/2021

КУЛ генерација 2007 со високи 0:3 го совлада ФК Вардар

ФК КУЛ со својата генерација 2007 денес гостуваше кај тимот на ФК Вардар на нивниот терен при тренинг кампот на црвено-црните. Момците на Никола Карчев дојдоа до убедлива победа со резултат 0:3.


Првиот дел ни припадна во целост, на почетокот двата тима одиграа црвсто претежно на средината од теренот. Потоа започнаа нашите минути, по одличен продор Стефан Бранковски погоди за наша предност со 0-1. Тргнавме да ја удвоиме предноста, брзо потоа Марко Блажовски успеа да погоди за 0-2. Нашиот играч имаше слободен удар на дистанца од 25.метра, шутна лукаво на страната на која беше голманот, погодувајќи атрактивно. Доминиравме до крајот на првиот период тоа со гол за 0-3 го круниса Фисник Љамалари. На одмор заминавме со три гола предност за нас на оваа контролка.

Вториот дел го започнавме со изменет тим, Карчев Никола уфрли нова постава во која доминираа играчи од помладата 2008 година. На нашиот гол влезе Грчевски Лука (2009 година) кој како и Андреј Јованов во првиот дел не дозволи мрежата на Кул да биде затресена. Имавме иницијатива и неколку прилики, Марко Попов впиша три одлични шанси на оваа средба во вториот период од дуелот со црвено-црниот ривал.

Честитки за сите момци на Кул и тренерот за овој одличен дуел одигран денес. Наскоро ќе поставиме повеќе фотографии од денешниот контролен натпревар.