Сигурна победа за кадетите на Кул, на стартот од пролетниот дел совладана екипата на Беласица

КУЛ генерација 2007 со високи 0:3 го совлада ФК Вардар
03/06/2021
Победнички старт на пролетниот дел за младинците на Кул
03/06/2021

Сигурна победа за кадетите на Кул, на стартот од пролетниот дел совладана екипата на Беласица

Кадетите на Кул со триумф го отворија пролетниот дел од сезоната во втората кадетска лига. Денес на теренот на „Локомотива“ нашите надежи беа подобри од екипата на Беласица, која ја совладаа убедливо со резултат 4:0.

Тренерот Нурединоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ројчинов, Алексоски, Ивановски, Јованоски, М.Здравевски, С.Здравески (K), Николов, Станковски, Митревски, А.Стојановски, Љ. Стојановски.

Тимот на Кул имаше иницијатива и контрола на играта во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено успеа да победи.  По првото полувреме имавме минимално водство од 1:0 со погодокот на Никола Николов. Истиов играч ја имаше првата прилика на натпреварот, кога се најде во шанса, но во последен момент неговиот удар беше изблокиран од противничката одбраната. Сепак во следната акција, Николов успеа да ја погоди мрежата на струмичани за отварање на резултатот, на голот претходеше асистенција од Антонијо Стојановски, кој го пронајде Николов во противничкиот шеснаесетник, овој бие од прва, прецизно по земја за водство од 1:0 во 21 минута од дуелот. Ова беше и единствената голема прилика на двете страни после прите 45 минути.

На стартот од вториот дел во игра ги видовме Марко Мицевски, Филип Стајковиќ и Горјан Манасиевски. Нашиот состав ги искористи своите прилики и во второто полувреме од натпреварот. За само шест минути успеавме да го зголемиме резултатот и на 3:0, со два гола на Томи Станковски.  Во 77 минута во листата на стрелци се запиша и Иво Насевски кој ги постави конечните 4:0 на овој натпревар. Во игра во вториот дел влезе и Кристијан Цветановски. Екипата на Беласица не успеа да создаде ниту една голема шанса кон нашиот гол, Андреј Ројчинов денес беше без работа.

Ова беше седма последователна победа за кадетите кои остануваат на врвот на табелата во својата категорија.