Победнички старт на пролетниот дел за младинците на Кул

Сигурна победа за кадетите на Кул, на стартот од пролетниот дел совладана екипата на Беласица
03/06/2021
(Фотогалерија) КУЛ генерација 2007 гостуваше кај ФК Вардар
03/07/2021

Победнички старт на пролетниот дел за младинците на Кул

Младинците на Кул со триумф го отворија пролетниот дел од сезоната во младинските лиги. Момците на Един Нурединоски до победа стигнаа во дуелот со Беласица, изразена со резултат 3:2.

Многу лесно можеше да се случи да останеме без планирани три бода од овој натпревар, со оглед  дека противникот се врати од наша предност од два гола, го израмни резултатот, но сепак упорниот Кул на крајот стигна до триумф.

Стартните 11 за нашиот тим: Адеми, Крстевски, Ристески, Кузмановски, М.Ѓорѓиевски, Јаневски, Стојчевски (К), Петрушевски, Василевски, Ивановски и В.Ѓорѓиевски.

По само 16 минути игра стигнавме до предност од 2:0. Уште во 5.минута од натпреварот нашите младинци успеваат да го отворат резултатот на 1:0 со голот на Леонид Стојчевски, кој стрелаше прецизно на асистенција од Марко Ѓорѓиевски. Пред да го зголемиме резултатот во прилика се најде и Никола Крстевски, кој на нафрлена топка од слободен удар лошо ја зафати топката која мина крај голот на гостинската екипа. Сепак, во следната акција ја удвојуваме предноста. Петрушевски Ангел беше играчот кој продре од десната страна, се ослободи од противнички играч, го пронајде во шеснаесетникот Филип Јаневски кој погоди за 2:0. Во првиот дел ќе го одбележиме и одличниот удар од прекин на Дамјан Ивановски, само поради одличната интервенција на противничкиот голман немавме водство и од три гола.

Можеби имавме прилика да ставиме и точка на натпреварот, кога по само пет минути игра во вториот дел Марко Ѓорѓиевски се најде во шанса, но биеше непрецизно крај голот. Му дозволивме лесно на противникот да се врати во игра и во 51 и 58 минута да го израмни резултатот на 2:2. Првиот погодок го примивме после нафрлена топка од слободен удар, додека вториот гол падна од корнер, во двата наврати немаше сигурност во нашата одбрана.  Бевме упорни во продолжение од натпреварот, не се откажавме да ја вратиме предноста, тоа ни успеа во 80 минута кога Марко Ѓорѓиевски ни донесе голема радост, нашиот напаѓач се најде на вистинското место и со својот прв гол денес ни донесе водство од 3:2. На голот претходеше центар шут од нововлезениот Ѓорѓиев, топката одеше во шеснаесетникот, најпрво Тодоровски Бодан играше со глава, за одбиената топка да стигне до Марко кој немаше проблеми да го совлада противничкиот чувар на мрежата. До крајот немаше големи возбудувања пред двата гола, младинците на Кул славеа победа со резултат 3:2.

Шанса за игра во вториот дел добија Лука Миленковиќ, Стефан Ѓорѓиев, Бодан Тодоровски, Јордан Петровски, Виктор Зафировски  и Шевал Мифтари.

Младинците стигнаа до својата четврта победа со која сигурно ќе се искачат во горниот дел од табелата.