Минимален пораз за пионерите на гостувањето кај Беласица

Помладите пионери како „воз“ поминаа низ Струмица, момците на Божиноски продолжуваат со максималниот ефект
03/07/2021
(Фотогалерија) Кадетите со висок триумф против Беласица го отворија пролетниот дел
03/08/2021

Минимален пораз за пионерите на гостувањето кај Беласица

Нашите пионери денес беа поразени на гостувањето кај екипата на Беласица, на стартот од пролетниот дел во младинските лиги. Само еден гол го одлучи победникот, истиот заврши во нашата мрежа за конечни 1:0 на натпреварот од 7.коло во пионерската лига.

Тренерот Нурединоски стартуваше со овие 11-сетмина: Цветковски, Мицевски, Митревски, Ѓоргиев, Мифтари, Ќеховиќ, Стојановски, Стајковиќ (К), Крстевски, Стефановиќ, Манасиевски.

Гледавме еден „тврд„ натпревар кој претежно се играше на теренот, во првото полувреме и двете екипи имаа по една голема шанса, која остана нереализирана. Прва се закани екипата на Беласица, со голема прилика, но нашиот голман Мартин Цветковски не дозволи почетна негатива. Во краток период уште еднаш се обиде домашниот тим, но Цветковски повторно беше на висина на задачата. Најголема шанса нашиот состав ја имаше преку капитенот Филип Стајковиќ кој од непосредна близина не успева да го совлада голманот на Беласица, кој интервенираше и спречи наша предност.

Во истава акција Мифтари нафрли од десната страна, до Стајковиќ кој беше највисок во скокот шутираше со глава, но голманот на Беласица одбрани. До крајот на првото полувреме за одбележување се обидите на Манасиевски и повторно на Стајковиќ, но истите не донесоа промена на резултатот, па на краток одмор се замина со почетните 0:0.

Екипата на Беласица на самиот старт на вториот дел искористи едно наше невнимание во одбраната, за да погоди за предност од 1:0. Иако правевме напори да дојдеме до некоја конкретна ситуација, тоа не ни успеа во второто полувреме. Нурединоски направи неколку измени кои не донесоа резултатот, освен голот не видовме друга посеризна шана за промена на резултатот, па Беласица славеше минимална победа.

Ова е втор пораз сезонава за нашите пионери во лигата.