Помладите пионери како „воз“ поминаа низ Струмица, момците на Божиноски продолжуваат со максималниот ефект

(Фотогалерија) КУЛ генерација 2007 гостуваше кај ФК Вардар
03/07/2021
Минимален пораз за пионерите на гостувањето кај Беласица
03/07/2021

Помладите пионери како „воз“ поминаа низ Струмица, момците на Божиноски продолжуваат со максималниот ефект

Денес со пионерските екипи гостувавме во Струмица, кај екипата на Беласица, во рамките на првото пролетно коло во младинските лиги. Нашите помлади пионери полесно од очекувањата успеаа да ја победат екипата на Беласица со конечен резултат од 0:6.

Тренерот Божиноски го започна натпреварот со следниве 11-сетмина: Јосифов, Митревски, Трајчевски, Станковски, Бундалески, Петрушевски, Наков, Богданоски, Васиќ, Стефановиќ, Цветановски (K).

Самиот резултат говори за доминацијата на нашиот тим кој во сите сегменти на фудбалската игра го надигра својот противник од Струмица. Уште од стартот на натпреварот наметнавме офанзивна игра со константен притисок на половината на Беласица. Победата беше најавена уште во 4.минута од дуелот кога Максим Бундалески погоди прецизно по земја во долниот десен голмански агол. Голот беше одличен, но уште подобра асистенција од Трајчевски кој го пронајде Бундалески, овој со фудбалско чувство го совлада домашниот голман за предност од 0:1. Пред да го зголемиме резултатот, добра шанса имавме преку Наков, кој после центар шут од нашата половина на Станковски, во прилика се најде Наков, но овој пат противничкиот голман одбрани.

Веќе во следната наша акција, во 13 минута од дуелот погодуваме за предност од 0:2, стрелец на голот е Александар Богданоски кој погоди после нафрлена топка од корнер на Трајчевски, нашиот напаѓач беше најснаодлив во противничкиот шеснасетник, биеше со глава за удвојување на водството. Без разлика што имавме солидно водство на стартот од натпреварот, момците на Божиноски не се откажаа од идејата да играат напаѓачки фудбал. Откако противникот неуспешно постави офсајд замка, Наков и Богданоски реализираа, Наков во улога на асистент кој „несебично“ го проигра Богданоски на кој не му беше тешко да погоди на празен гол за водство од 0:3 во 17 минута.

Во стопроцентна прилика се најде Богданоски веќе во следната наша акција, капитенот Цветановски му даде пас, Богданоски имаше време да одлучи каде да шутира, тоа и го стори, но голманот на Беласица спречи поголема негатива. Така не беше и во следната 38 минута, кога во листата на стрелци се запишува Борјан Наков, кој беше одлично проигран од Станковски, прифати добро Наков топка бие силно од прва за предност од 0:4. Сите дилеми околу победникот беа решени во првиот дел од натпреварот.

 

Во вториот дел, тренерот Божиноски шанса за настап им даде на сите играчи кои денес беа на располагање. Многу полесно од очекувањата успеавме да ги освоиме бодовите на гостувањето во Струмица. Противникот за напомена немаше ниту еден директен удар кон голот на Јордан Јосифов, кој денес беше само гледач на натпреварот. По само две минути игра, тимот на Кул зголеми и на 0:5, повторно Богданоски стрелец, а асистент Петрушевски кој нафрли топка од десната страна, во шеснаесетникот на Беласица повторно умешен Богданоски.

Со својот четврти гол во 53 минута од дуелот, Александар Богданоски зголеми на 0:6, овој пат како асистент се најде Бундалески. Токму Бундалески ја имаше последната прилика, кога биеше над голот на домаќинот. Игравме паметно до крајот на натпреварот, едноставно имавме висока предност, па се избегнуваа посилни дуели со противничките играчи.

Повеќе од заслужена победа за помладите пионери кои целосно ја оправдаа фаворитската улога и пред се позицијата на лидер во својата генерација. Честитки до целиот тим кој одигра на ниво во текот на целиот дуел, се надеваме дека со вакви игри ќе продолжиме  и во иднина. Инаку, ова беше седма последователна победа сезонава за оваа генерација.