Со три победи и еден пораз го стартувавме пролетниот дел во младинските лиги

(Фотогалерија) Победа за младинците против Беласица
03/08/2021
(Фотогалерија) Седма последователна победа за генерација 2005
03/09/2021

Со три победи и еден пораз го стартувавме пролетниот дел во младинските лиги

Со натпреварите против Беласица стартуваше пролетниот дел од сезоната за младинските екипи на нашиот клуб. Во дуелите со овој противник остваривме три победи и еден пораз.

Помладите пионери стигнаа до седмата последователна победа. Полесно од очекувањата ги освоивме бодовите на гостувањето во Струмица, нашите момци триумфираа со резултат 0:6.

Резултати од 7.коло во помладата пионерска лига

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Скопје  0:2

ФК Силекс – ФК Струга Трим Лум  2:2

ФК Борец 1919 – ФК Тетекс 1953 Тетово   1:2

ФК Беласица – ФК Кул  0:6

ФК Куманово 2012 – ФК Кожуф Гевгелија  20:1

Единствено пионерите не успеаа да освојат бодови во дуелите со Беласица, од која бевме поразени минимално со 1:0, со погодок на самиот старт од вториот дел.

Резултати од 7.коло во пионерската лига

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Скопје  2:2

ФК Силекс – ФК Струга Трим Лум  1:3

ФК Борец 1919 – ФК Тетекс 1953 Тетово   3:2

ФК Беласица – ФК Кул  1:0

ФК Куманово 2012 – ФК Кожуф Гевгелија  3:0  ( службено)

Максималниот ефект сезонава го продолжија и кадетите кои немаа проблеми околу бодовите на домашниот дуел со противникот. Издвојувавме рутинска победа со резултат 4:0.

Резултати од 7.коло во кадетската лига

ФК Скопје – ГФК Тиквеш  1930 Кавадарци  2:2

ФК Струга Трим Лум – ФК Силекс   0:0

ФК Тетекс 1953 Тетово – ФК Борец  2:0

ФК Кул – ФК Беласица   4:0

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Куманово 2012  2:1

Победнички старт на пролетниот дел имаа и нашите младинци, кои ја победија Беласица со резултат 3:2. Ова беше четврта победа сезонава за младинскиот тим.

Резултати од 7.коло во младинската лига

ФК Скопје – ГФК Тиквеш  1930 Кавадарци  3:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Силекс   2:0

ФК Тетекс 1953 Тетово – ФК Борец  2:0

ФК Кул – ФК Беласица   3:2

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Куманово 2012  1:3