Најава за натпреварите од 8.коло против екипата на ФК Борец 1919

Пласман на нашите екипи после 7 одиграни кола во младинските лиги
03/10/2021
Пријателски натпревари за екипите на Кул
03/12/2021

Најава за натпреварите од 8.коло против екипата на ФК Борец 1919

Екипата на Борец 1919 е противникот за младинските екипи на Кул во рамките на 8.коло.

Утре (12.03.2021) пионерските екипи се домаќини на теренот на „Локомотива“ на натпревари кои ќе стартуваат во термините од 13:00 и 15:00 часот. Кадетите и младинците во сабота (13.03.2021) ќе гостуваат во Велес на градскиот стадион, во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Пионерските екипи на Кул се големи фаворити во пресрет на утрешниот дуели со екипата од Велес. Борец во двете пионерски лиги котира ниско, односно се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Во кадетската лига, Кул е на првото место со максимални 21 освоен бод, додека Борец е на 6.место со 8 бодови. Највеќе бодови имаат освоено младинците на Борец, вкупно 9 со кои се на 7.место на табелата.

Очекуваме добра игра на нашите екипи и нови бодови на нашето конто.