Кадетите триумфално во Велес, совладан Борец со 0:4

(Фотогалерија) „Прескокнат“ и Борец, генерација 2005 со осма последователна победа во лигата
03/13/2021
Младинците на КУЛ по голема борба дојдоа до победа кај Борец
03/13/2021

Кадетите триумфално во Велес, совладан Борец со 0:4

Кадетите на ФК КУЛ, денес во втората пролетна рунда гостуваа во градот Велес. Екипата предводена од Един Нурединоски го совлада тимот на Борец 1919 со резултат 0:4 (0:2).

Дуелот го започнавме со следните играчи: Цветковски Мартин, Алексоски Лука,Трајчевски Александар,Митревски Јован,Јованоски Стефан,Здравевски Маријан, Бундалески Максим,Богданоски Александар ,Петрушевски Ангел,Крстевски Никола и Цветановски Матеј.


Првиот дел од овој кадетски дуел кој се играше на Градскиот Стадион во Велес започна со наша теренска инцијатива и ран погодок. Уште во воведните пет минути ние преку Ангел Петрушевски поведовме, нашиот играч го совлада противничкиот голман за почетни 0-1. Потоа ние продолживме со исти ритам со цел да ја удвоиме предноста, преку Лука Алексоски на оваа средба дојдовме до предност од 0-2. По голот иста слика имаше на теренот во Велес, нашите момци имаа посед и креираа шанси. Најпрвин Трајчевски се обиде со удар откосо кој заврши над гредата. До крајот на првиот период Богдановски Александар имаше две прилики, во првата голманот со крајни напори исфрли во конер. Во втората на само половина минута до крајот силно ја затресе стативата на велешани, тоа беше последна прилика во првиот период.


Вториот период започна онака како што заврши првиот период, повеќе од играта беше на половината на домашните црвено-бели. Бодан Тодоровски прв се закани, по центар-шут од десната страна беше највисок со скокот и упати удар со глава. Богданоски доби топка на 30.метра, ја поведе кон противничкиот гол упати силен и лукав удар, постигнувајќи атрактивен гол за наша предност од 0-3. Бодан Тодоровски имаше одличен продор, излезе со голманот „очи во очи“, сепак за жал топката заврши во телот на домашниот „чувар на мрежата“. Васиќ се закани со волеј, тој упати силен удар крај стативата кој домашниот голман го исфрли во корна. Ангел Петрушевски пропушти голема шанса кога од само 10.метра шутна силно крај левата статива. Бодан Тодоровски ги постави конечните 0-4 во последната минута.

Ова е осма последователна победа за нашите кадети со која остануваат лидери.