Младинците на КУЛ по голема борба дојдоа до победа кај Борец

Кадетите триумфално во Велес, совладан Борец со 0:4
03/13/2021
(Фотогалерија) Кадетите лесно кај Борец 1919
03/14/2021

Младинците на КУЛ по голема борба дојдоа до победа кај Борец

Младинците на КУЛ денес гостуваа кај екипата на ФК Борец 1919 во Велес. На натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Велес дојдовме до триумф со резултат 0-2(0-1).

Кул овој меч го започна со следниот стартен состав: Ројчинов Андреј,Ивановски Дамјан,Кузмановски Филип,Здравески Стефан,Јаневски Филип,Ѓорѓиевски Марко,Стојчевски Леонид,Станковски Томи,Ристески Бојан,Ивановски Дамјан и Ѓорѓиевски Васко.

Овој дуел за разлика од претходниот, кадетскиот, имаше сосема друго лице. Двата тима се бореа за топката, имаше црвста игра, многу дуели и мал број на конкретни шанси. Ние први се заканивме преку Јаневски Филип, чиј удар го одбрани голманот на домаќините, Ѓошевски Горан. Велешани се заканија, но на нашиот гол присебен беше Ројчинов Андреј. Следеше период на голема борба, без конкретни шанси. Ние притискавме, но пред нас имавме „бункер“. Истиот конечно го „разби“ Здравески Стефан, прими одлична топка влезе во казнениот простор и рутинирано погоди крај десната статива за водство од 0-1. До крајот остана за одбележување одличен удар на Борец, Ројчинов Андреј со фантастична парада исфрли во корна. Првиот дел заврши со минимална предност на нашиот тим.

Вториот дел беше идентичен на првиот, голема борба се водеше помеѓу двата казнени простора. Во воведната третина од овој период, односно во првите 15.минути немаше шанса за одбележување. Прва прилика имаше за нас во овој период Ѓорѓиевски Марко, кој се закани со глава, неговиот удар отиде над гредата. Момците на Нурединоски со офанзива ја бранеа предноста, се трудеа повеќето од играта да биде на половината на црвено-белиот ривал. Ѓорѓиевски Марко повторно се закани, но не погоди. Конечно го постигнавме голот по многу работа, Томи Станковски исфрли двајца чувари одлично асистираше до Филип Стајковиќ кој од 10.метра погоди под гредата за 0-2. Резултат кој се покажа како конечен.

 

Во игра на овој дуел влегоа: Стојчевски, Манасиевски, Јанкулоски и Ѓорѓиев.