Со натпреварите против Силекс го комплетираме првиот дел од сезоната

(Фотогалерија) Младинците на КУЛ со 3.бода се вратија од Велес
03/16/2021
Нов викенд исполнет со натпревари за нашите генерации
03/19/2021

Со натпреварите против Силекс го комплетираме првиот дел од сезоната

Во петок и сабота ќе го одиграме последното коло од првиот дел од натпреварувачката сезона. За противник го имаме тимот на Силекс од Кратово.

Најпрво во петок (19.03.2021), кадетите и младинците на теренот на „Локомотива“ ќе ја пречекаат екипата на Силекс. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 12:00 и 14:00 часот. Кадетите на Кул се лидери со максимални 24 освоени бодови, додека младинците се наоѓаат на четвртото место со 16 бодови. Интересно, двете екипи на Силекс се наоѓаат на претпоследното место на табелата со идентични 7 освоени бодови. После 8 одиграни кола имаат скор од 2 победи, 1 нерешен резултат и 5 порази.

Помладите пионери ќе се обидат да стигнат и до деветтиот триумф во низа, на гостувањето во Кратово, додека пионерите ја бараат својата седма победа сезонава. Пионерските екипи на Силекс се наоѓаат на 6 и 8.место со 10 односно 9 освоени бодови. Натпреварите во сабота (20.03.2021) ќе започнат во 10:00 и 12:00 часот на Градскиот стадион „Мусала“ .

Со овие натпревари ќе се комплетира првиот дел од сезоната.