Ројчинов одбрани пенал, младинците на Кул и Силекс одиграа без голови

Кадетите го решија и Силекс, деветти последователен триумф во лигата
03/19/2021
Помладите пионери со три бода се враќаат од Кратово, пионерите освоија бод
03/20/2021

Ројчинов одбрани пенал, младинците на Кул и Силекс одиграа без голови

Младинците на Кул и Силекс ги поделија бодовите, на натпревар од 9.коло во младинската втора лига. Денес на „Локомотива“ го пречекавме тимот на Силекс, дуел кој заврши без голови 0:0.

Тренерот Нурединоски се реши за следниве 11-сетмина: Ројчинов, В. Ѓорѓиевски, Ивановски (К), Ѓорѓиев , Кузмановски, М.Ѓорѓиевски , Стајковиќ , Здравевски , Василевски, Ивановски и Николов.

Можеби најреален резултат од овој дуел, со оглед дека противникот во вториот дел од натпреварот не успеа да реализира удар од белата точка, додека ние имавме неколку добри шанси исто така да ја затресеме мрежата на кратовчани. На крајот двете екипи ги поделија бодовите. Во првиот дел од натпреварот не видовме некоја сериозна шанса за погодок. Теренот не беше најидеален за игра, па им отежнуваше на екипите да дојдат до акција за погодок. Сепак кај нас, Марко Ѓорѓиевски и Стефан Ѓорѓиев имаа обиди во првиот дел, но не дојде до отварање на резултатот. Се закани и Силекс, но ударот заврши крај голот. На полувреме резултатот беше 0:0.

Во второто полувреме од натпреварот се обидувавме да го отвориме резултатот. Откако Стојановски додаде топка, во прилика се најде Николов, кој биеше слабо, па топката беше лесен плен за гостинскиот голман. Во акција се најде и Дамјан Ивановски, но завршниот удар немаше јачина, па не дојде до посериозна прилика. Исто така и Здравевски Маријан имаше обид, но без реализација. Од слободен удар се обиде Дамјан Ивановски, но топката оди крај голот. Противникот од Кратово имаше голема шанса да го отвори резултатот, откако еден од нивните играчи беше фаулиран во нашиот шеснасетник, судијата покажа на белата точка.

Сепак Андреј Ројчинов е нашиот јунак, кој со прекрасна интервенција спаси негатива за Кул. Ние продолживме со офанзивната игра и можеме да жалиме што не го казнивме промашување на Силекс. Бодан Тодоровски можеше да донесе три бода, но немаше среќа. Најпрво после нафрлена топка од корнер, Тодоровски беше највисок во скокот, биеше со глава, топката мина за неколку сантиметри крај голот. Се играа последните минути од натпреварот, кога после една мешаница во противничкиот шеснаесетник, Тодоровски од неколку метри биеше високо над голот. Крај на натпреварот со почетниот резултат 0:0.

Во игра на натпреварот влегоа Ќеховиќ, Кадриовски, А.Стојановски, Цветановски, Тодоровски, Насевски и Љ.Стојановски.