Помладите пионери со три бода се враќаат од Кратово, пионерите освоија бод

Ројчинов одбрани пенал, младинците на Кул и Силекс одиграа без голови
03/19/2021
(ФОТО) Генерација 2009 одигра два контролни дуели со Работнички
03/20/2021

Помладите пионери со три бода се враќаат од Кратово, пионерите освоија бод

Помладите пионери на Кул ја забележаа и својата деветта победа од исто толку одиграни натпревари сезонава во лигата. Денес гостувавме во Кратово кај екипата на Силекс, од која бевме подобри со резултат 0:4 (0:2).

Тренерот Божиноски започна со следниве 11-сетмина: Јосифов, Трајчевски, Стефановиќ, Митревски, Петрушевски, Бундалески, Наков, Богданоски, Васиќ, Цветановски (К), Стефановиќ.

Голем дел од работата завршивме уште во првото полувреме, кога се стекнавме со предност од два гола. Резултатот го отворивме во 20 минута од натпреварот кога мрежата на Силекс ја погоди Борјан Наков кој со одличен лоб удар, а на асистенција од Цветановски, успеа да постигне гол за предност од 0:1. Пред крајот на првиот дел, односно во 39 минута падна и вториот гол на натпреварот. Во листата на стрелци се запишува Александар Богданоски кој погоди на асистенција од Стефан Петрушевски, со резултат 0:2 се замина на полувреме.

Имавме контрола на играта и во вториот дел од натпреварот, кога не дозволивме некоја сериозна шанса кон нашиот гол. За само три минути успеваме да постигнеме нови два гола и да ја осигураме победата. Со вториот гол на Александар Богданоски зголемивме и на 0:3, нашиот напаѓач со глава ја вметна топката во мрежата, после центар шут на Трајчевски, во 67 минута. Се играше 70 минута од натпреварот кога во листата на стрелци се запиша и Максим Бундалески кој со удар од работ на шеснасетникот го совлада противничкиот голман за предност од 0:4. На голот претходеше нафрлена топка од корнер, која за момент ја избија противничките играчи, истата стигна до Бундалески кој погоди за висок триумф.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Стојановски, Амети и Ацески. Ова беше деветти триумф во серија за помладите пионери кои остануват „осамени“ на врвот на табелата.

Пионерите на Силекс и Кул ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 1:1. Гледавме цврст и борбен натпревар со шанси за двете екипи, на крајот по еден бод за двата тима. Головите паднаа во вториот дел од натпреварот. Најпрво во 66 минута, домаќинот поведе со 1:0 после една мешаница во нашиот голмански простор, за во 90 минута да го израмниме резултатот со голот на Јован Митревски. На голот претходеше акција која започна од Стојановски кој додаде до Мифтари, овој до Мицевски кој центрира топка во противничкиот шеснаесетник. Во истата акција, Љубомир Стојановски ја погоди стативата, но одбиената топка во гол ја стави Митревски за голема радост и бод од овој дуел. За одбележување се и две одлични одбрани на натпреварот на нашиот голман, Мартин Цветковски.

Започнавме со следните 11-сетмина: Цветковски, Зафироски, Мицевски, Митревски, Ѓорѓиев, Јанкулоски, Ќеховиќ, Стајковиќ(К), Стојановски, Крстевски, Манасиевски.

Во игра влегоа уште и Цветановски и Блажески.