Кадетите го решија и Силекс, деветти последователен триумф во лигата

Нов викенд исполнет со натпревари за нашите генерации
03/19/2021
Ројчинов одбрани пенал, младинците на Кул и Силекс одиграа без голови
03/19/2021

Кадетите го решија и Силекс, деветти последователен триумф во лигата

Денес на теренот „Локомотива“, кадетите на КУЛ беа домаќини на врсниците од  ФК Силекс. На овој меч избраниците на Нурединоски доминираа и дојдоа до победа,  деветта по ред  со резултат 4:0 (3:0).

Овој меч го започнавме со следниот состав: Цветковски, Алексоски, Митревски,  Крстевски , Петрушевски, Јаневски, Стојчевски (K), Станковски , Ристески, Бундалески и Богданоски.

Првите десеттина минути од овој  натпревар минаа мирно, двата тима немаа прилики за одбележување. Од првата шанса успеавме да го отвориме резултатот. Томи Станковски изведе корнер, упати  корисен центар-шут во противничкиот шеснасетник, највисок беше Јован Митревски, кој со глава стрелаше за предност од 1-0 во 13.минута. Митревски и по голот имаше прилика од корна, топката овој пат ja нафрли Бундалески, неговиот удар со глава не донесе удвојување на предноста.

Александар Богданоски ни донесе предност од 2-0, тој рутинирано по земја стрелаше од пенал во 24.минута. Истиот го добивме откако Бундалески нафрли во казнениот простор, топката дојде до Митревски кој беше соборен за најстрога казна.  До крајот на првиот дел видовме уште еден момент за одбележување. Се играше акција на нашиот тим, најпрво Богданоски шутна, голманот ја одби топката до Максим Бундалески кој погоди за 3-0. Со овој резултат се замина на одмор на овој дуел.

Вториот дел започна со прилика на Силекс, кој го имаа и првиот директен удар кој заврши покрај нашиот гол. Ова промашување го казни нововлезениот Горјан Манасиевски, кој доби употреблива топка од Алексоски и стрелаше за високи 4-0. Нашите момци имаа повеќе од поседот на топката на овој дуел и создаваа шанси. Потоа имавме две големи прилики, Манасиевски и Јаневски се обидоа да погодат, но нивните удари не завршија во мрежата на кратовчани. До деветтата победа во кадетската лига по ред дојдовме со резултат 4:0. Честитки за момците и тренерот Нурединоски.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Јосифов, Мицевски, Зафироски, Цветановски, Манасиевски, Јанкулоски и Мифтари.