ФК КУЛ со иновативен метод ја следи физичката подготовка на играчите со уред од марката „POLAR“

„Петлињата“ на КУЛ и викендов ќе се надигруваат со своите противници
03/26/2021
(ФОТО) Меѓусебно надигрување на генерациите 2008 и 2009
03/27/2021

ФК КУЛ со иновативен метод ја следи физичката подготовка на играчите со уред од марката „POLAR“

 

ФК КУЛ е фудбалска школа која се обидува да применува модерни методи за подготовка на фудбалските надежи. Ние сме единствена младинска школа која го користи уредот „ POLAR“ , метода која е иновативна на овие простори, нешто што не го практикуваат и прволигашите во земјава. Горди сме на модерниот пристап и иновативноста која ја практикуваме во нашата фудбалка школа. За реализација на овој проект задолжен е нашиот кондиционен тренер, Никола Родиќ.

И покрај тоа што фудбалот е колективен спорт, кога станува збор за физичката подготовка на фудбалерите, таа мора да биде третирана како индивидуална дисциплина и на секој играч посебно да му се погоди соодветното тренажно оптоварување, а сето тоа да биде вклопено и реализирано во иста тренинг сесија. Звучи комплицирано и навистина е така, но не е и невозможно.

Најпрецизен и најмеродавен параметар кој што го покажува интензитетот на тренажното оптоварување е срцевата фреквенција (пулсот), која што во професионалните фудбалски клубови се следи со помош на разни уреди за мониторинг на срцевата фреквенција. Во ФК КУЛ, како на тренинзите, така и на натпреварите срцевата фреквенција на играчите ја следиме со помош на уреди од марката „POLAR“, кои што се сметаат за едни од најпознатите и најпрецизните уреди од ваков вид на пазарот.

Поларите ни озовможуваат прецизно да го дозираме тренажното оптоварување на секој играч. На тој начин освен во подготивелниот период, постепено ја подигаме формата на на играчите и во натпреварувачкиот дел од сезоната и ја темпираме формата да биде највисоко можно ниво на најзначајните натпревари, притоа речиси комплетно елиминирајќи го ризикот од претренираноста кај играчите, а со тоа и значително намалувајќи го ризикот од повреди.

За време на натпреварите имаме точен и прецизен увид за потрошувачката на енергијата на секој играч и заморот, со што значително ни се олеснува одлуката за тоа кои играчи во кој момент е најпаметно да ги извадиме од игра и на нивно место да внесеме свежи играчи.

Науката во спортот напредува и се развива сѐ повеќе од ден на ден. Тренерскиот кадар во ФК КУЛ постојано ја следи нејзината еволуција и се обидува што е можно повеќе во својата работа да ја имплементира истата, со констатна едукација и постојано надоградување на знаењето.