Генерација 2006 одигра пријателски натпревар со Драчево Јуниор

(ФОТО) Меѓусебно надигрување на генерациите 2008 и 2009
03/27/2021
Генерациите 2009 и 2010 имаа пријателски дуели со Драчево Јуниор
03/27/2021

Генерација 2006 одигра пријателски натпревар со Драчево Јуниор

Утрово на теренот на „Локомотива“ пријателски натпревар одигра генерацијата 2006 која за противник го имаше тимот на Драчево Јуниор. На натпревар со многу голови како подобар се покажа тимот на Драчево. Ваквите контролни натпревари се од големо значење за нашите момци, со оглед дека нема натпревари сезонава во регионалната скопска лига. Се обидуваме да ја одржуваме формата и да го подигнуваме нивото на игра.

Тренерот Божиноски започна со следниве 1-сетмина: Рајевски, Михов, Стојановски, Костовски, Бошњаков, Трпевски, Блажовски, Спасевски, Трифуновски, Михајловски и Душкоски.

Шанса за игра добија и Василев, Спасовски, Абдурамани, Јовановски, Миленковски, Илиев и Лазовски. 

Повеќе фотографии од овој пријателски натпревар ќе можете да погледнете на нашиот веб сајт во следните денови.