Помладите пионери на Кул покажаа зошто се лидери, победа со пресврт кај ФК Скопје

Голема победа за младинците, три бода во дербито со Скопје
03/28/2021
Кул одигра 0-0 кај пионерите на Скопје, голманот Цветковски беше непремослива пречка за ривалот
03/28/2021

Помладите пионери на Кул покажаа зошто се лидери, победа со пресврт кај ФК Скопје

Помладите пионери на ФК КУЛ покажаа зашто се лидери по 10.кола. Денес гостувавме во Нова Колонија кај тимот на ФК Скопје, на полувреме на ова дерби имавме негатива од 1-0, со пресврт дојдовме до триумф со резултат 1-2.

Саше Божиноски мечот го започна со овој состав: Јосифов, Трајчевски, В.Стефановиќ, Станковски, Митревски, Мицевски, Наков, Бундалески, Васиќ, Цветановски(К), В.Стефановиќ.


Прва прилика имавме преку Бундалески Максим кој прв се закани на оваа средба. Потоа Трајчевски се обиде со удар од дистанца, но ништо опасно кон домашниот гол. Се играше цврст и борбен дуел, во кој двата тима покажаа желба за надигрување. Митревски Матеј се обиде со удар од дистанца. Скопје се закани по прекин, нашиот голман Јосифов одлично избоксува и ја отстрани опасноста. До крајот имаше за одбележување две прилики, во првата домашниот тим искористи кикс на нашата одбрана и погоди за 1-0. Во втората Александар Трајчевски изведе слободен удар, но и по неговиот обид не ја анулиравме негативата. На одмор заминавме со минимално заостанување од 1-0.


Тргнавме офанзивно во вториот дел, по само 30.секунди прилика имаше Митревски чиј удар голманот на домаќините го скроти. По голема мешаница, топката дојде до Митревски Матеј чиј удар заврши во телото на противничкиот голман. Васиќ Даниел упати одличен удар од 25.метра, за среќа на домаќините топката ја скроти домашниот чувар на мрежата. Ние напаѓавме, конечно нашата иницијатива беше наградена, Бундалески Максим беше највешт и стрелаше за 1-1.

 

Стрелецот на голот потоа се закани и со глава од 10-сетина метра. Ние бевме решени да направиме пресврт, преку Наков Борјан дојдовме до водство од 1-2. По една мешаница топката дојде до него, тој беше присебен и погоди за голема радост. Нашата предност ја браневме со офанзивна игра, по водството игравме повеќе пред голот на домаќинот. Немаше некои големи возбудувања до крајот, нашите помлади пионери триумфираа со резултат 1:2

Ова беше десетта последователна победа во серија за нашите помлади пионери во лигата, со која се зацврстуваат на врвот на табелата. Честитки до целата екипа која покажа карактер и се врати од негатива за конечен триумф на овој натпревар.