Продолжува серијата на победи за кадетите, Кул подобар во дуелот со Скопје

Генерациите 2009 и 2010 имаа пријателски дуели со Драчево Јуниор
03/27/2021
Голема победа за младинците, три бода во дербито со Скопје
03/28/2021

Продолжува серијата на победи за кадетите, Кул подобар во дуелот со Скопје

Кадетите на Кул стигнаа до десеттата последователна победа во лигата. На „Цементарница“ нашите надежи беа подобри од екипата на Скопје. Конечниот резултат гласеше 4:2 (1:0).

Тренерот Нурединоски се одлучи за следниве 11-сетмина: Миленковиќ, Зафироски, Ѓоргиев, Јованоски (K), Здравевски, Зекири, Амети, Насевски, Петровски, Милошевиќ, Тодоровски.

Уште во првите минути од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот. Маријан Здравевски успешно проигра во противничкиот шеснаесетник, Иво Насевски реализираше за 1:0. Во првото полувреме имавме уште неколку добри прилики, кои за жал беа неискористени. Здравевски имаше шанса кога на одбиена биеше крај голот, додека Стефан Ѓоргиев исто така имаше обид со глава после нафрлена топка од корнер, додека од голема далечина се закани и Виктор Зафировски, но се уште резултатот беше оној од првите минути кога поведовме со еден гол. Немавме среќа за втор гол во овој дел од натпреварот, Ѓорѓиев повторно беше највисок во скок после центар шут од корнер, со глава биеше во пречката, додека стативата од противничкиот гол ја погоди и Адис Зекири. На полувреме резултатот беше 1:0.

На стартот од второто полувреме, екипата на Скопје изненади со постигнување на гол, за израмнување на 1:1. Иако противникот играше на овој натпревар со само 8 играчи, сепак даде силен отпор и ниту во еден момент не се откажа да направи изненадување. После примениот погодок, нашите кадети притисна и целата игра се одвиваше на половината на гостинската екипа. После неколку прилики, повторно успеваме да го вратиме водството. Овој пат за 2:1 погоди Адис Зекири кој со лоб удар го совлада голманот на Скопје. Истиов играч имаше уште една голема шанса, која не ја искористи, додека Насевски шутираше за малку крај голот.

Работите околу конечниот победник станаа појасни откако со својот втор гол, Адис Зекири ни донесе предност од 3:1, нашиот играч беше најприсебен во противничкиот шеснасесетник, прифати топка на одбиена и погоди за зголемување на водството. Екипата на Скопје за момент се врати во натпреварот, откако им беше досуден удар од белата точка, кои успешно го реализираа за намалување на 3:2. Се играа последните минути од натпреварот кога Иво Насевски со својот втор гол ги постави конечните 4:2 на овој дуел од кадетската лига.