Благодариме за се Родиќ, секогаш ќе бидеш дел од семејството „Кул“, ти посакуваме успех со интернационалната кариера

Распоред на контролни натпревари за младите екипи на Кул
04/02/2021
Помладите пионери на Кул остануваат 100%, падна Струга ТЛ
04/03/2021

Благодариме за се Родиќ, секогаш ќе бидеш дел од семејството „Кул“, ти посакуваме успех со интернационалната кариера

Пред 8.месеци во големото семејство на ФК Кул се придружи и кондициониот тренер Никола Родиќ. Човекот кој направи „револуција“ во пристапот на физичката подготовка на нашиот тим, се наоѓа пред интернационален предизвик во кариерата. Голема благодарност искажуваме до човекот кој беше 24/7 посветен на нашиот проект за создавање на нови фудбалски надежи. Чест ни е бидејќи од нашиот тим прави интернационален трансфер, следен предизвик е ФК Рига кој го препозна квалитетот на нашиот кадар и го ангажираше каде што ќе работи во иднина.


Никола Родиќ имаше за задача, максимално да ги подготвува екипите кои се дел од фудбалската школа на Кул. Вредно ги спроведуваше неговите задачи на теренот, а нашите играчи беа импресионирани, што  имаат посебен тренер кој ќе се грижи за нивната физичка подготовка. Донесе доста иновативност во работата на Кул. Пред почетокот на сезоната спроведе тест за моментална аеробна издржливост на играчите по кој се креираа програми за работа. Бенефитот се покажа веднаш, КУЛ на збирната табела од младинските лиги е убедливо пред сите тимови во земјава. Го внесе користењето на електронскиот уред „Polar“ за време на напреварите и многу други иновации.

 

Вчера раководството на тимот и колегите имаа пригодна средба со досегашниот член на тимот. Му посакаа многу успех во иднина, му се заблагодаривме за досегашната работа и посветеност во ФК Кул. На крајот му врачивме пригоден подарок кој ќе го потсетува на изминатите плодни 8.месеци соработка во нашата екипа.

 


Благодариме Никола што беше дел од Кул и вгради делче од мозаикот во нашата успешна приказна.

НИКОЛА НА СВОЈОТ ФБ-ПРОФИЛ ВАКА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА НАШАТА ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА: