Помладите пионери на Кул остануваат 100%, падна Струга ТЛ

Благодариме за се Родиќ, секогаш ќе бидеш дел од семејството „Кул“, ти посакуваме успех со интернационалната кариера
04/02/2021
Пионерите на КУЛ покажаа карактер, по негатива победија со пресврт на дербито со Струга ТЛ
04/03/2021

Помладите пионери на Кул остануваат 100%, падна Струга ТЛ

Денес на стадионот „Цементарница“, помладите пионери на Кул беа домаќини на Струга Трим Лум. Избраниците на Саше Божиноски дојдоа до победа на оваа средба со резултат 2-0 (2-0).


Состав: Јосифов Јордан, Стефановиќ Владимир,Станковски Петар,Митревски Матеј,Петрушевски Стефан,Наков Борјан,Бундалески Максим,Блажески Александар, Васиќ Даниел, Цветановски Матеј и Стефановиќ Виктор.

Првите 10-сетина минути немаше некоја прилика за одбележување, двата тима играа воздржано и без опасности кон двата гола. Стефановиќ Владимир во 14.минута, доби одлична топка во казнениот простор и од свртување шутна силно за 1-0. Струга се закани со силен удар кој мина над нашата пречка. По голот момците од Кул имаа повеќе од поседот на топката во овој период. Добивме слободен удар на 25.метри од лево во 31.минута, топката ја зема Бундалески Максим, упати силен удар над живиот ѕид погодувајќи атрактивно за 2-0 под пречката. После двата погодока ние имавме повеќе од играта, „трагавме“ по нов гол. До крајот на првиот период имавме две прилики. Наков и Васиќ ги пробаа своите удари, но за жал не погодија, па на пауза заминавме со 2-0.

Вториот дел започна со наша офанзива, во воведните пет минути се играше претежно на половината на стружани. Васиќ Даниел прв се закани во овој втор период кон голот на тимот од Струга. Потоа Наков и Зекири кој влезе во 2.полувреме имаа свои шанси, како и Стефановиќ и Васиќ. Ние бевме во целосна офанзива, а ривалот беше постојано пред својот гол и се бранеше од нашите налети. До средината на овој дел, Јосифов воопшто немаше работа на нашиот гол. Ние бевме тимот кој го диктираше темпото, топката беше далеку повеќе во наш посед, комбиниравме постојано и се заканувавме кон голот на ривалот. Помладите пионери дојдоа до 11.победи на исто толку одиграни напревари во оваа сезона во втората лига за пом.пионери.

Влегоа уште и: Симоновски, Зекири, Ацески, Трпевски, Душковски и Стојановски.