Пионерите на КУЛ покажаа карактер, по негатива победија со пресврт на дербито со Струга ТЛ

Помладите пионери на Кул остануваат 100%, падна Струга ТЛ
04/03/2021
(Фотогалерија) Пионерите на КУЛ со пресврт до значајни 3.бода
04/04/2021

Пионерите на КУЛ покажаа карактер, по негатива победија со пресврт на дербито со Струга ТЛ

Пионерите на ФК КУЛ денес беа домаќини на Струга ТЛ. На дуелот кој се одигра на стадионот „Цементарница“ победивме со пресврт 2-1 (1-1), покажувајќи карактер.


Нурединоски дуелот го започна со овие 11.играчи: Цветковски, Зафировски, Мицевски, Митревски, Ѓорѓиев, Трајчевски, Јанкулоски, Стајковиќ, Стојановски, Крстевски и Манасиевски.


Ние тргнавме офанзивно, прва прилика впиша Мицевски Марко, тој имаше на самиот почеток обид кога шутна со глава. Противникот се закани, на место беше нашиот голман Цветковски Мартин. Мицевски ја имаше и втората прилика за нашиот тим на оваа средба, ударот со нога мина крај голот. Дојде казна за нашите промашувања, откако гостинот погоди за 0-1 во 30.минута. Веднаш тргнавме офанзивно и наметнавме ритам со цел да изедначиме. По еден прекин највисок во скок со глава беше Ѓорѓиев Стефан кој погоди за резултатска симетрија, 1-1 во 39.минута. Струга упати два удара на нашиот гол Цветковски беше сконцетриран и лесно прифати. До крајот имавме два обида од слободен удар, во 43.минута Трајчевски шутна. Минута подоцна Стојановски Антонијо упати удар под гредата, голманот на Струга, Цветков успеа да одбрани и исфрли во корнер. На одмор заминавме со нерешено, 1-1 на оваа пионерска средба.

Стрелецот на голот Ѓорѓиев Стефан ја имаше првата прилика со глава во вториот дел. Ние напаѓавме со цел да направиме пресврт. Во првите 30.минути од овој период имавме огромен број на шанси кои не донесоа предност. Динов Антони имаше два удара кој голманот на Струга ги сопра. Потоа Манасиевски се закани со удар, најдобрата нереализирана шанса ја имаше Јанкулоски чиj волеј голманот го исфрли во корна на атрактивен начин. Конечно погодивме преку Манасиевски Горјан по еден карамбол беше најприсебен и стрелаше за голема радост, ние поведовме со 2-1 во 75.минута. Имаше до крај доста време па со умна игра и доста посед се обидувавме да ја осигураме победата, Струга тргна на се или ништо по голот, но немаше промена на резултатот.


Во вториот дел играа: Мифтари, Динов, Ќеховиќ, Стојановски и Здравковски.