Кадетите на КУЛ со победа се враќаат од Струга

(ФОТО) Родиќ ја имаше последната „смотра“ на своите пулени, пред интернационалниот ангажман
04/04/2021
Младинците со минимален пораз кај Струга ТЛ, одиграа лошо прво и одлично второ полувреме
04/04/2021

Кадетите на КУЛ со победа се враќаат од Струга

Денес избраниците на Един Нурединоски, кадетскиот тим на ФК КУЛ гостуваше кај екипата на ФК Струга ТЛ во истоимениот град. На оваа средба дојдовме до победа со резултат 1-3 (0-2).

Почетен состав на кадетите: Миленковиќ, Ѓорѓиев, Ивановски, Трајчевски, Кузмановски, Манасиевски, Петрушевски, Стојчевски, Станковски, Николов и Наков.


Ние тргнавме офанзивно на теренот кој беше мокар поради врнежите, создававме прилики за погодок. Николов Никола доби топка одлично го пронајде Горјан Манасиевски кој стрелаше за 0-1. Огромни две шанси имаше Струга, најпрвин имаа пенал кој го шутнаа над гредата. Потоа имаа индиректен удар на 12-13.метра кој заврши во нашиот жив ѕид.

По една одлична акција успеавме да ја удвоиме предноста, Томи Станковски исфрли два чувара и одлично го пронајде Леонид Стојчевски кој погоди за високи 0-2. До крајот на првиот дел имавме повеќе од играта во поле.

Вториот дел започна со мирна игра, теренот беше доста потежок поради обилните врнежи во Струга. Прва шанса имаше за нас Леонид Стојчевски чиј удар не донесе трет погодок. Јордан Петровски се закани, но и по неговата шанса не постигнавме погодок. Казната дојде кога домаќинот ја преполови нашата предност со погодок за 1-2. По истиот добија полет, Цветковски имаше убави одбрани.

Ритамот падна откако во двата тима беа покажани по еден црвен картон, кај нас Станковски беше исклучен од игра.Во последните моменти Николов Никола украде една топка изби сам со голманот на стружани и стрелаше за 1-3, резултат кој се покажа како конечен на оваа средба.

Ова беше 11-сета победа во серија за кадетите, кои останаа осамени на врвот на табелата.