Младинците со минимален пораз кај Струга ТЛ, одиграа лошо прво и одлично второ полувреме

Кадетите на КУЛ со победа се враќаат од Струга
04/04/2021
Ново успешно коло за КУЛ, преглед на резултатите во сите лиги
04/05/2021

Младинците со минимален пораз кај Струга ТЛ, одиграа лошо прво и одлично второ полувреме

Младинскиот тим на КУЛ, денес гостуваше во Струга кај истоимениот противник од тој град. На оваа средба од втората младинска лига бевме поразени со минимални 3-2 (3-0) во меч со две различни полувремиња, во првото доминираше домаќинот, во второто нашиот тим.

Нурединоски се одлучи за следниот стартен состав: Ројчинов, Ѓоргиевски В. Ѓуровски, Ристески, Јованоски, Здравевски, Здравески, Јаневски, Василевски, Ивановски и Ѓорѓиевски М.


Натпреварот започна мачно, поради врнежите топката тешко се движеше по теренот. Двата тима се обидуваа со долги топки да ја префрлат средината. Домашнот тим отвори со погодок за 1-0. За нас се закани Дамјан Ѓуровски кој од свртување упати удар кон голот на домашниот голман кој истиот лесно го прифати. Дојде до пад во нашата игра, Струга ТЛ најпрвин успеа да удвои со гол за 2-0, а потоа стрелаше за 3-0. Со овој резултат и голема негатива заминавме на одмор.


Во вториот дел видовме сосема друго лице на момците на Нурединоски, тие беа решени да ја надополнат негативата од првиот дел, по само 5.минути намаливме. За 3-1 по одлична комбинација од индиректен удар стрелаше Никола Крстевски. Јаневски се закани со солен удар, но не погоди за минамална негатива на нашиот тим. Ние напаѓавме постојано, конечно дојде голот за возбудлив резултат 3-2, Борјан Ристески стрелаше за минимално заостанување. Имавме и среќа, домашниот тим погоди статива. До крајот Бодан Тодоровски испушти шанса за резултатска симетрија и целосно враќање на резултатски план.


Во игра  на овој дуел од клупата влегоа тројца играчи: Тодоровски, Крстевски и Насевски.