Грозданова Меланија: КУЛ е клуб кој ми дава прилика да го остварам својот сон, најголема поддршка имам од семејството

Продолжуваат првенствените натпревари, Тетекс 1953 Тетово е наш следен противник
04/08/2021
Три бода на гостувањето кај Тетекс, помладите пионери стигнаа до нов триумф
04/09/2021

Грозданова Меланија: КУЛ е клуб кој ми дава прилика да го остварам својот сон, најголема поддршка имам од семејството

ФК Кул веќе 13 и пол  години работи со млади таленти и создава идни фудбалски ѕвезди. Се работи напорно, со многу посветеност и енергија. Посебно инспиративна приказна е создавањето на женскиот тим на ФК Кул. Денес имаме прилика да зборуваме со една од најталентираните девојки во нашиот тим, млада  девојка, таа е родена во последните денови од 2008 година. Меланија Грозданова покажува голем квалитет, напредува во Кул од ден во ден, од недела во недела. Станува збор за вреден работник, предан на фудбалската игра, фудбалер кој сака да напредува со својот труд и посветеност кон „бубамарата“, таа е играч кој секој тренер би го посакал во својот тим. Во продолжение интервју со младата надеж на нашиот тим.

-На самиот  почеток на ова мега-интервју, Меланија ќе ни ја презентира нејзината фудбалска приказна, како оваа млада дама се одлучи за овој спорт да биде нејзин животен повик.

 

Моите почетоци се точно пред 4 години, а мојата желба кон фудбалот е уште од помала возраст, немам почнато порано поради моите родители кои не можеа да се помират со фактот да тренирам фудбал. Меѓутоа јас никогаш не престанав да го барам тоа од нив . Голем удел во сето ова имаше мојата баба која што секојдневно им сугерираше дека не треба желбата да ми ја скратуваат, сепак пресуден момент беше убедувањето на Рацо Цветановски кон мојот татко, каде што имале случајна средба и разговор со истите ставови како на мојата баба, по што моите родители се одлучија да ме однесат во ФК КУЛ.

Моите почетоци се пред 4.години, тоа беше остварување на сонот-Грозданова

Мојата инспирација кон фудбалот ја гледам сосема природна, за мене прв и единствен спорт бил само фудбалот, се сеќавам дека гледав многу видеа на Јутјуб со фудбал, константно од еден фудбалер, за да подоцна мојот татко да каже кој е тој, тоа бил Кристијано Роналдо, кој до ден денес ми е инспирација, мотивација идол мој.

-Кај секој млад спортист особено кај фудбалерите најголем впечаток им остава „првата лекција“, односно првиот собир  и првиот одработен тренинг во кариерата.

Мојот прв тренинг …. Кога моите родители ми соопштија дека утре одиме на тренинг во фудбалската школа на КУЛ, јас не верував. Меѓутоа кога отидовме да ги купиме копачките јас почнав да плачам од среќа и кажав дека ќе бидам „најдобра” фудбалерка во светот. Првиот тренинг беше во балонот во Кисела Вода, со момчињата генерација 2007 година, каде што јас бев најмала, неискусна и вистински почетник. Тренери тогашни ми беа Милан Коцески и Кирил Трајковски.Чувството мое беше неописливо и невообичаено , такво чувство до денес немам почувствувано, едноставно беше СОВРШЕНО .

Меланија: Прекрасно бев примена од сите во ФК КУЛ.

– ФК КУЛ е познат по одличната атмосфера на тренинзите, стручниот кадар и прекрасниот прием на новите членови. Секогаш адаптацијата е доста лесна во нашата школа, младата фудбалерка го потврдува истото во ова интервју.

Прекрасно бев прифатена во целиот клуб, мислам дека јас сум второ девојче во клубот, момчињата беа и се се уште многу коректни спрема мене, исто така и тренерите кои ме водат низ овие години. Моја матична генерација е 2009, во која што ги почнав првите мои натпреварувања во детските лиги на ФФМ, под раководство на Александар Цветковски со кој што и се здобивме со првиот интернационален пехар во нашата генерација, на турнир во Бугарија, тоа беше прв од многуте успеси кој ги редиме до денес. Прекрасна генерација сме, супер колектив, има многу талентирани момчиња меѓу мене.

-Голема гордост за КУЛ е дека имаме репрезентативци во машките и женските фудбалски селекции на Македонија. Поради неоспорниот квалитет, одличната вештина во фудбалската игра нашата млада дама рано започна со добивање репрезентативни повици. Таа на само 10.години доби покана за У-15.

 Мојот прв повик за Македонската Репрезентација У-15 , се случи на мојата десет годишна возраст. Бев забележана на еден пријателски меч организиран од нашиот клуб против ЖФК Тиверија, каде што јас постигнав хет-трик (дадов 3 голови ), за моја “среќа” на трибините беше присутен координаторот и селектор на У-15 во женскиот фудбал ДОБРЕ ДИМОВСКИ, каде што после тој меч бев пресретната од негова страна, ми побара податоци лични, како и доста пофални зборови упати кон мене. Првиот повик беше 26.08.2019 година, кампот се одржа во Дојран кој траеше  седум дена, за мене прво искуство кое вроди со плод, запознав многу нови фудбалерки од моите генерации, стекнувам нови навики и знаења. До ден денес одговарам на секој повик на Репрезентацијата храбро со љубов и срце, презентирајќи ги стекнатите вештини и искуства од ФК КУЛ. Со нетрпение ги чекам моите први минути во националниот дрес.

..Со нетрпение ги чекам моите први минути во националниот дрес….

-За да се биде успешен во било кој сегмент од животот, особено во спортот кај младите фудбалери потребна е голема поддршка. Кој е најголем подржувач на Грозданова, таа ни открива во продолжение.

 Ќе се навратам, после пребродувањето на сагата со моите родители за да тренирам фудбал, неизмерна е нивната поддршка кон мене, многу им благодарам што не ми ја скратија љубовта. Со  остварувањето на мојот сон ќе им го докажам тоа, ќе ги направам најгорди родители. Исто и мојата фамилија, како и клубот мојот ФК КУЛ, кој е дел од оваа голема љубов.

-Фудбалската школа КУЛ најпрвин даде прилика дамите да се зачленуваат во фудбалските генерации, потоа отидовме чекор понатака. Формиравме посебна женска екипа како дел од нашата фудбалска школа, ЖФК КУЛ.

Одлична идеја на стручниот штаб за формирање на женски тим во нашиот клуб, имаме многу потенцијал и услови за такво нешто, располагаме со повеќе терени отворени и затворени во секакви услови за нас, па веќе и располагаме со поголем број на фудбалерки со кои секојдневно растеме како тим, рамо до рамо со момчињата. Секако ја поздравувам оваа идеја, а се надевам дека и успеси ќе следуваат. Преферирам да тренирам и играм со момчиња, меѓутоа кога веќе правиме тим од девојки ми значи и желни сме за победи .

Сликана на приемот на амбасадата на САД со селекторот на Светскиот првак

-По напорните тренинзи и научените први фудбалски чекори, Меланија почна да покажува завидна фудбалска техника. Зборуваме за нејзините почетни натпревари и нејзините први фудбалски радости.

 Мојот деби и прв натпревар беше пријателски, на првиот дуел постигнав два гола, на мојата среќа немаше крај имаше многу овации од нашите трибини аплаузи, мислам дека цела недела ги зборував головите на моите родители. Тогаш добивав честитки од сите соиграчи и тренери како и пофалби од  првиот човек во клубот, Рацо Цветановски , кој ми кажа „ Меланија во иднина да се множат головите и дека ќе кревам доста пехари“ ….

По првите голови добив пофалби од  првиот човек во клубот, Рацо Цветановски

– Како дел од нашиот тим покрај домашните предизвици, пред пандемијата оваа млада фудбалерка имаше шанси да ја подобри својата игра со настапи на маѓународни турнири, на  кои нашиот тим обезбеди настап.

Имам учествувано на доста турнири, Бугарија, Србија, Грција како и на „КУЛ Купот“ што го организира нашиот клуб, од големо значење се за стекнување искуство и нови пријателства. Ова можност што ни ја овозможија ја искористивме и за да разменуваме вештини, да се надигруваме и создаваме победнички дух.

-Секој спортист има свој сон, некаде на големото европско фудбалско небо да блесне неговата ѕвезда. На прашањето каде се гледа во иднина вели:

Моментално се гледам баш каде што сум и пресреќна сум, но секако посакувам мојот талент знаење и труд еден ден да го презентирам во некој голем Европски клуб каде што ќе се пишува моето име и презиме на големо и секаде, исто така посакувам успех и со националниот тим каде  има доста талентирани девојки за иднината на женскиот фудбал.

Сестрите Грозданови, членови на КУЛ

-Формирањето на женска екипа донесе голема популарност на овој спорт кај блиските на нашите членови, нејзината сестра Исидора е нашиот најмлад член и голем фудбалски потенцијал.

На мојата сестра, сигурно сум јас нејзината инспирација , затоа што секојдневно ме гледа како вежбам и одам да се натпреварувам. Таа е сега почетник не можам да кажам дека она во целост ќе биде фудбалерка, драго ми е што ќе биде дел од одлична огранизација за женски фудбал што ја нуди Кул, останува да видиме како ќе се развива.

-Како женски тим првпат КУЛ се презентираше на јавноста на турнирот во Струмица, Меланија беше дел и од овој настан.

На турнирот во Струмица беше прво наше женско натпреварување, каде што нашата желба и мотивација излезе на виделина, прекрасно се носевме со доста искусни екипи, осоивме  4-то место и едно прво големо искуство, со нетрпение чекаме да помине оваа пандемија и почнеме во младинските лиги во женскиот фудбал, цел овој период ќе го искористиме за надградување на тимот и да бидеме прво изненадување во женската младинска лига .

Роналдо е мојата инспирација и идол…вели младата фудбалерка

Секој има свој идол, пример и мотивација. Нејзиниот се насетуваше низ разговорот во текот на ова интервју. Таа го има за пример капитенот на Португалската репрезентација и играч на Јувентус.

Еден и единствен за мене ќе остане КРИСТИЈАНО РОНАЛДО, растам со него, учам од него, се огледувам на него, едноставно пробувам да го копирам него, прославувам голови како него, сакам да сум иста како него … Едноставно го сакам  највеќе.

-Последно  на што оваа млада дама, даде одговор беше прашањето како таа како наш член кој веќе четири години е во клубот го оценува истиот. Грозданоска дава комплименти за нашата инфраструктура, професионалноста на тренерите, и.т.н

Работната атмосфера во нашиот клуб е секогаш на ниво , се работи можам да кажам професионално, грижливо и доста напорно, се дава акцент на секого поединечно, се следи идндивидуалната и тимска работа, имаме големи терени, затворени терени, реквизити за работа, немаме проблем да тренираме во целата тековна година без разлика на временските услови. Го поздравувам „неуморното“ залагање на управата за остварање на услови за нашите цели, КУЛ Е ФАМИЛИЈА !!!!!!
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ЧЕСТА- вели Меланија Грозданова.

Повеќе видеа од нејзините мајстории се достапни на нејзинот Јутуб-канал.