Три бода на гостувањето кај Тетекс, помладите пионери стигнаа до нов триумф

Грозданова Меланија: КУЛ е клуб кој ми дава прилика да го остварам својот сон, најголема поддршка имам од семејството
04/09/2021
Пионерите сигурни, момците на Нурединоски ја продолжуваат борбата за првото место во лигата
04/09/2021

Три бода на гостувањето кај Тетекс, помладите пионери стигнаа до нов триумф

Денес во Тетово, на игралиштете во с.Порој, својот натпревар од 12.коло го одиграа нашите помлади пионери кои стигнаа и до 12-сетата последователна победа. На гостувањете во Тетово, бевме подобри од екипата на Тетекс 1953, забележувајќи триумф со резултат 0:2, со по еден погодок во двете полувремиња од овој натпревар во помладата пионерска лига.

Тренерот Божиноски започна со следниве 11-сетмина: Јосифов, Симоновски, В.Стефановиќ, Станковски, Трајчевски, Петрушевски, Динов, Бундалески, Васиќ, Цветановски (К), В.Стефановиќ.

Нашата екипа имаше целосна доминација на овој натпревар, на кој покрај постигнатите голови имавме уште неколку зрели шанси за повисок резултат. Уште во 11.минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Антони Динов, кој погоди со волеј удар за 0:1, после центар шут од корнер. Штета што првиот дел не го завршивме со посолидна предност, со оглед дека погодивме уште две пречки во овој дел од дуелот во Тетово. После удар од некаде 30.метри пречката од голот на домаќинот ја погоди Александар Трајчевски, како и Даниел Васиќ кој биеше од околу 20.метри, но среќата не не посака. Во првиот дел, противникот се закани после нафрлена топка од корнер, кога еден од нивните играчи биеше над нашиот гол.

Имавме поголем посед на топка и во вториот дел од натпреварот, во кој постигнавме уште еден гол. Истиот беше ремек дело на Максим Бундалески кој погоди од слободен удар откосо, во 65 минута за предност од 0:2. Како прилика ке ги издвоиме и обидите на Динов, Станковски, Петрушевски и Владимир Стефановиќ, кои можеа да го загрозат голот на Тетекс, но истите останаа нереализирани. После водството од 0:2, домаќинот имаше голема прилика да намали, кога еден од противничките играчи се најде очи во очи со Јосифов, кој го прочита ударот и ја спаси својата мрежа. На крајот конечниот резултат гласеше 0:2

Во игра влегоа и Блажески, Ацески, Трпевски, Георгиевски и Стојановски. 

Ова беше 12-сета победа од исто толку одиграни натпревари за помладите пионери.