Пионерите сигурни, момците на Нурединоски ја продолжуваат борбата за првото место во лигата

Три бода на гостувањето кај Тетекс, помладите пионери стигнаа до нов триумф
04/09/2021
Со голот на Ивановски В. Дамјан од пенал, кадетите дојдоа до победа над Тетекс
04/11/2021

Пионерите сигурни, момците на Нурединоски ја продолжуваат борбата за првото место во лигата

До победа во рамките на 12.коло стигнаа и пионерите на Кул, кои денес славеа на гостувањето кај екипата на Тетекс 1953 Тетово. Конечниот резултат гласеше 1:3

Нурединоски овој натревар го стартуваше со овие 11: Цветковски, Зафироски, Мицевски, Митревски (К), Ѓорѓиев, Јанкулоски, Ќеховиќ, Стојановски, Крстевски, Манасиевски, Мифтари.

Уште во првото полувреме ги решивме дилемите околу конечниот победник, кога резултатот на полувреме гласеше 0:3. До средината на првото полувреме, домашниот тим даваше отпор, период во кој резултатот се уште беше оној почетниот. После неколку прилики, успеваме да поведеме со 0:1, со голот на Јован Митревски во 27 минута од натпреварот. Нашиот играч оваа сезона се покажува за специјалист после нафрлени топки од корнер, така беше и во случајов кога беше највисок во скокот и ја заби топката во противничката мрежа. После само пет минути игра, односно во 32.минута нашиот состав успеа да зголеми и на 0:2. Откако Јанкулоски одзема топка, умешно додаде до Горјан Манасиевски, кој се ослободи од двајца противнички играчи и мирно реализираше во долниот лев агол. После овој погодок имавме уште неколку шанси, најсериозна беше на Јанкулоски кој биеше за малку крај голот. „Печат“ на победата ставивме во 42 минута кога со вториот гол на Манасиевски поведовме и со 0:3. Во противничкиот шеснасетник најснаодлив беше Манасиевски кој пласираше во десниот агол, за зголемена предност. Со овој резултат се замина на полувреме.

Високото водство ни овозможи мирно второ полувреме, период во кој падна само еден погодок и тоа почесен за домашниот тим. Истиот беше од белата точка, за намалување на 1:3, резултат со кој заврши натпреварот во Тетово.

Играа уште Кадриовски, Стојановски, Амети и Петровски.

Ова беше вкупно осми триумф за момците на Един Нурединоски, со кој остануваат во борба за првото место во својата категорија.