Со голот на Ивановски В. Дамјан од пенал, кадетите дојдоа до победа над Тетекс

Пионерите сигурни, момците на Нурединоски ја продолжуваат борбата за првото место во лигата
04/09/2021
Минимален пораз за младинците на КУЛ од Тетекс
04/11/2021

Со голот на Ивановски В. Дамјан од пенал, кадетите дојдоа до победа над Тетекс

Денес на теренот „Цементарница“ кадетите на ФК КУЛ, беа домаќини на тимот на ФК Тетекс 1953 од Тетово. Момците на Нурединоски дојдоа до победа со резултат  1-0 (1-0) со гол постигнат во првиот дел од пенал.


Оваа средба ја започнавме со: Ројчинов Андреј, Ивановски В.Дамјан, Кузмановски Филип, Здравески Стефан, Ѓорѓиевски Марко, Николов Никола, Стојчевски Леонид, Станковски Томи, Ристески Бојан, Ивановски А. Дамјан и Јаневски Филип.


Прва прилика имаше нашиот тим преку Здравески Стефан кој прв се закани со удар крај голот на гостите. Потоа  корнер, Томи Станковски одлично нафрли, со глава крај гол биеше од непосредна близина Ристески Бојан. Кул доминираше и напаѓаше повеќе од ривалот, две прилики впиша Јаневски Филип, чии удари надвор од казнениот простор голманот на Јаневски на Тетекс не го принудија да ја вади топката од својата мрежа. Конечно по една добра акција и направен прекршок добивме пенал во 25.минута, топката ја зема нашиот играч со број 4,  Ивановски В. Дамјан шутна силно и неодбранливо за наша голема радост и предност со 1-0. До крајот на првиот дел ние доминиравме во поле и имавме повеќе посед. За одбележување се две шанси, пред нашиот гол имаше мешаница во која најприсебен беше нашиот голман Ројчинов Андреј и ја острани опасноста. Во другата воедно последна Томи Станковски шутна силно од 20-сетина метри откосо, голманот Јаневски успеа да ја скроти таа топка. На одмор заминавме со минимална разлика и со голема доминација во поле за момците на Нурединоски.

По само 2.минути игра во вториот дел Леонид Стојчевски упати удар, голманот на тетовчани со крајни напори исфрли во прв корнер за нас во вториот период од овој кадетски дуел. Mомците од Кул доминираа и во вториот дел, Тетекс се закани само со еден удар од 30.метра кој мина многу далеку од нашиот гол. Одличен слободен удар изведе Здравески Стефан, нашиот капитен упати силен шут кој голманот на гостинскиот кадетски тим со крајни напори го сопре. Леонид Стојчевски имаше прилика за одбележување, тој се обиде од 20.метра топката за малку мина крај десниот директ. Ние предноста ја браневме со офанизива, Марко Ѓорѓиевски се закани во продолжение, но и неговиот удар не донесе удвојување на предноста.

Сепак иако не постигнавме гол, ние го контролиравме и добивме овој дуел со 1-0 обезбедувајќи нови три важни бода за нас во кадетската втора лига.

Во игра влегоаа:  Алексоски Лука, Ѓорѓиев Стефан и Амети Лулзим.