Минимален пораз за младинците на КУЛ од Тетекс

Со голот на Ивановски В. Дамјан од пенал, кадетите дојдоа до победа над Тетекс
04/11/2021
Три победи и еден пораз на дуелите со Тетекс, преглед на 12.коло
04/12/2021

Минимален пораз за младинците на КУЛ од Тетекс

Тетекс ни нанесе пораз на младинскиот дуел одигран денес на домашен терен. Младинците на КУЛ останаа без бодови и беа поразени со 0-1.


Нурединоски започна со: Миленковиќ Лука, Митревски Јован, Ѓуровски Дамјан, Јованоски Стефан, Петрушевски Ангел, Насевски Иво, Здравевски Маријан, Петровски Јордан, Василевски Александар, Стојановски Љубомир и Ѓорѓиевски Васко.


Тетекс на почетокот се закани од слободен удар кон голот на Лука Миленковиќ. Потоа имаа еден обид крај голот, ние се ослободивме од притисокот и ја префрливме топката пред противничкиот гол. Прва сериозна прилика за нас имаше Митревски Јован, кој од слободен удар се закани, истиот играч претходно шутна и од 35.метра одлично но топката мина крај голот. Нашите промашувања ги казни гостинскиот тим, по една лоша реакција на нашата одбрана тие поведоа со 0-1 во 36.минута од овој напревар. Имаа и шанса за удвојување на предноста, но денес на нашиот гол одличен беше Лука Миленковиќ. Во финишот преземавме инцицијатива за да дојдеме до резултатски симетрија, сепак моравме да се помириме дека на одмор ќе заминеме со минимална негатива, на овој младински натпревар со тимот на Тетекс од Тетово.


Вториот дел започна мирно со цврста игра на двете страни, двата младински колектива во првите 10.минути не упатија удари кон головите на Миленковиќ и Стојановски. Здравевски се обиде за нас прв пат во вториот дел по 15-сетина минути игра да го загрози голот на противникот. Како одминуваше времето ние се повеќе се обидувавме да напаѓаме , Митревски Јован се обиде со удар од дистаница. Тетекс се орентираше на одбрана и се закануваше исклучиво од контра-напади. Петрушевски Ангел се обиде со удар од дистанца да ја разбие згуснатата одбрана на тетовачни, неговиот удар мина крај голот. Имавме повеќе од играта пред нивниот гол, плетевме мрежа околу нивниот казнен простор, но сепак не успеавме да дојдеме до реми.