Помладите пионери остануваат максимални, висока победа и кај Тиквеш

Пионерските екипи гостуваат во Кавадарци, кадетите и младинците се домаќини на Тиквеш
04/16/2021
Лесна победа за пионерите на гостувањето во Кавадарци
04/17/2021

Помладите пионери остануваат максимални, висока победа и кај Тиквеш

Денес избраниците на Саше Божиноски, помладите пионери на ФК КУЛ гостуваа во Кавадарци кај екипата на ГФК Тиквеш. Нашите момци останаа максимални и по ова коло на врвот на табелата, ние победивме со високи 0-6 (0-2) на натпревар од 13.првенствено коло.

Стартен состав: Јосифов Јордан, Симоновски Стефан , Динов Антони, Станковски Петар, Митревски Матеј, Трајчевски Александар, Петрушевски Стефан, Наков Борјан, Бундалески Максим, Васиќ Даниел и Цветановски Матеј (К).

Ние го добивме првиот период со два погодока, истиот заврши со наша предност од 0-2 на овој дуел за помлади пионери во втората лига. Имавме повеќе од иницијативата  и некаде на средината од овој период, во 22.минута за нас погоди Бундалески Максим, по асистенција од Петрушевски, за предност од 0:1. Имавме повеќе од играта атакувавме на противничкиот гол со цел да ја удвоиме предноста, тоа ни успеа во 34.минута. Откако Симоновски успешно асистираше, во листата на стрелци се запиша и Антони Динов за водство од 0:2, резултат со кој се замина на краток одмор.

Во вториот дел влеговме концетрирано и напаѓавме со цел да ја зголемиме предноста. По само три минути игра, преку Наков Борјан поведовме со 0-3 во 48.минута, на асистенција од Мицевски. Иако имавме висока предност, постојано напаѓавме, успевајќи во 56.минутапреку Васиќ Даниел да зголемиме и на 0-4, по асистенција на Блажовски. Во 65.минута повеовме и со 0:5, овој пат голот на Тиквеш го погоди Стефан Симоновски, кој погоди од слободен удар.. До крајот продолживме со ист ритам, па на оваа средба дојдовме до победа со резултат 0-6. Конечниот резултат беше постигнат во 77.минута. Стрелец на последниот гол за нас беше Стојановски Матеј кој во игра влезе од клупата во 51.минута од оваа средба. Втор пат денес во улога на асистент се најде Лука Мицевски.

Во игра влегоа во вториот дел влегоа и Мицевски, Стефановиќ, Стојановски, Трпевски и Георгиевски.