ФК КУЛ генерација 2010 и 2012 беа домаќини на Форца

ЖФК КУЛ ја пречека екипата на Фудбал Старс, два одлични натпревари и многу дружба
05/13/2021
(Фотогалерија) ЖФК КУЛ на „мегдан“ со ЖФК Фудбал Старс
05/14/2021

ФК КУЛ генерација 2010 и 2012 беа домаќини на Форца

Вчера на теренот „Локомотива“ во скопската населба Карпош, бевме домаќини на два тест-натпревари. ФК КУЛ генерација 2010 и 2012 ги пречекаа соодветните екипи на фудбалската школа „Форца„ од Скопје.

Избраниците на Мирослав Тодоровски и гостите предводени од Џипунов Дани одиграа два одлични натпревари. Се надигрувавме, погодувавме се дружевме со гостите. Резултатот беше во втор план како и секогаш на „контролките“, двата тима прикажаа одличен фудбал и честитки за актерите. Гостите резултатски беа поуспешни на овие средби.