Пионерите на Кул подобри од Работнички

Нашите селекции 2011 и 2012 беа поуспешни од Милано (ФОТО)
05/25/2021
(ФОТО) КУЛ Кисела Вода генерација 2009/08 -ФК Скопско Поле
05/27/2021

Пионерите на Кул подобри од Работнички

Во текот на вчерашниот ден, пионерите на Кул одиграа силен контролен натпревар против екипата на Работнички. Избраниците на Един Нурединоски на дуелот кој се одигра на Цементарница го победија тимот кој пред прекинот на сезоната водеше битка за освојување на шампионската титула во Супер лигата.

Одличен натпревар одиграа нашите млади надежи кои забележаа голема победа изразена со резултат 2:1. По првото полувреме имавме водство од 2:0. Резултатот беше отворен со авто гол на противникот, додека за зголемување на водството се погрижи Горјан Манасиевски.

Во второто полувреме имавме уште неколку прилики за гол, кои останаа неискористени, додека Работнички постигна почесен гол со удар од белата точка, односно Мартин Цветковски прво го одбрани ударот, но одбиената топка еден од играчите на Работнички ја внесе во мрежата.

Честитки до нашите пионери кои покажаа залагање на теренот, одиграа допадлив и офанзивен фудбал кој на крајот им донесе победа.

Стартниот состав изгледаше вака: Мартин Цветковски, Филип Кузмановски, Стефан Ѓоргиев, Марко Мицевски, Дамјан Ивановски, Никола Крстевски, Јован Митревски, Антонијо Стојановски, Филип Стајковиќ, Бојан Јанкулоски и Горјан Манасиевски.