ФК Кул поуспешен од Вардар на дуел кај генерација 2008

Закажани нови контролни натпревари за екипите на Кул
05/28/2021
Во дуел 11 на 11, ФК КУЛ поуспешен од А.Пандев генерација 2009
05/29/2021

ФК Кул поуспешен од Вардар на дуел кај генерација 2008

 

Попладнево на стадионот „Цементарница“ , ФК КУЛ беше домаќин на момците од ФК Вардар генерација родени 2008. Се одигра еден одличен дуел помеѓу двата тима кој прикажаа одличен натпревар. 

Двата колектива имаа одлична игра со многу трчање и активен фудбал, дузина шанси, стативи и возбудливи акции. На одмор се замина со почетниот резултат, иако имаше прилика за нашите момци да отворат во овој период. Вториот дел го одигравме на повисоко ниво, ние на крајот на истиот излеговме како победник од овој пријателски-натпревар со црвено-црните.