Во дуел 11 на 11, ФК КУЛ поуспешен од А.Пандев генерација 2009

ФК Кул поуспешен од Вардар на дуел кај генерација 2008
05/28/2021
Генерацијата 2007 имаше пријателски дуел со екипата на Шкупи
05/29/2021

Во дуел 11 на 11, ФК КУЛ поуспешен од А.Пандев генерација 2009

Денес на стадионот „Цементарница“ ни гостуваше екипата на Академија Пандев од Струмица со три тима. Во првиот натпревар кој се одигра на цел терен (11 на 11) во генерација 2009, момчињата на Марко Арсовски ги пречекаа своите врсници.

ФК КУЛ генерација 2009 одигра доста поактивно во поле од гостинот, па првиот период на оваа средба го доби во своја корист. Одлична игра на двата колектива, дружење и доста борба видовме на прекрасниот тревник на нашиот стадион. Арсовски ротираше и даде шанса на целиот ростер, благодарност до гостите за фер и коректната игра. Во вториот период ја задржавме и ја надополнивме предноста за победа на оваа пријателска контролка.

Наскоро повеќе фотографии на нашиот сајт од овој дуел.