(ФОТО) На „Цементарница“ ги нагостивме генерациите 2010 и 2011 на А.Пандев

Генерацијата 2007 имаше пријателски дуел со екипата на Шкупи
05/29/2021
Контролен дуел против Шкупи за генерацијата 2006 на КУЛ
05/29/2021

(ФОТО) На „Цементарница“ ги нагостивме генерациите 2010 и 2011 на А.Пандев

По дуелот на цел терен помеѓу генерациите 2009 на ФК КУЛ и на Академија Пандев од Струмица, се
одиграа два натпревари кај помалите генерации. На стадионот „Цементарница“ ги нагостивме генерациите 2010 и 2011 на струмичани.


На дуелот за дечиња родени 2010 година нашите момци одиграа фуриозен прв дел кој го добија на фудбалски план во двата правци што се рефлектираше на високата резултатска предност. Во вториот дел А.Пандев намали, но ние не дозволивме да ни се доближи и остваривме победа на натпреварот за кој треба да им се честита на двата тима за спортската атмосфера.


На другиот дел од теренот се сретнаа тимовите родени 2011 година, имавме допадлив фудбал на оваа „контролка“. Ние напаѓавме, но струмичани лукаво казнија и на пауза заминаа со предност. Во вториот дел тргнавме во тотална офанзива, беше возбудливо, имавме многу шанси, безбројни удари во конструкцијата од голот. Успеавме да дојдеме до резултатска симетрија и ова спортско дружење заврши нерешено.


Наскоро повеќе фотографии од напреварите Кул-Академија Пандев кај генерациите 2010 и 2011 година на нашиот сајт.