Контролен дуел против Шкупи за генерацијата 2006 на КУЛ

(ФОТО) На „Цементарница“ ги нагостивме генерациите 2010 и 2011 на А.Пандев
05/29/2021
(Фотогалерија) ФК КУЛ-ФК Шкупи ( генерација 2007)
05/30/2021

Контролен дуел против Шкупи за генерацијата 2006 на КУЛ

Убавиот ден го искористивме за да одиграме нов контролен натпревар со генерацијата 2006. На Локомотива за противник ја имавме екипата на Шкупи. Видовме цврста и борбена игра на двете страни и тука беше постигнат еден гол. Пред крајот на натпреварот после една акција, гостинската екипа погоди за минимална победа на крајот. Нашиот тим даде се од себе, создадовме и ние акции за погодок, но не успеавме да реализираме. Сепак, честитки до двете екипи за фер и коректната игра на овој пријателски дуел.

ФК КУЛ: Христијан Рајевски, Јован Михов, Дамјан Спасовски, Александар Спасевски, Петар Трпевски, Стефан Душкоски, Олег Трифуновски, Матеј Стојановски, Никола Јовановски, Јован Бошњаков и Нури Абдурамани.

Играа уште и Петар Лазовски, Мики Илиев, Андреј Миленковски и Александар Василев.