Конечно девојките имаат право на фудбалски избор, КУЛ ќе има свој женски сениорски тим

(Фотогалерија) ФК КУЛ-А.Пандев генерација 2010
05/31/2021
ЖФК КУЛ ќе биде дел од турнирот „Железара 2021“
06/02/2021

Конечно девојките имаат право на фудбалски избор, КУЛ ќе има свој женски сениорски тим

Задоволство е да  соопштиме дека Кул во иднина ќе има и свој женски фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во младинските лиги, но и сениорски (прв) тим. Конечно младите девојки кои играат фудбал ќе имаат вистински избор за остварување на фудбалскиот сон, ЖФК КУЛ.

Условите кои ги  нуди нашиот клуб беа само поттик за многу девојки кои сакаат во животот да се занимаваат со овој спорт, да станат дел од нашиот клуб и да имаат можност да се натпреваруваат на официјални натпревари.

Како одминуваше  времето, женскиот тим се зголемуваше што се однесува до бројот на членови, настапувавме и на турнири, игравме и пријателски натпревари, а во иднина ЖФК Кул ќе се натпреварува во младинските категории и ќе има свој сениорски тим кој ќе биде  дел од лига која е во организација на фудбалската федерација на Македонија.

Девојките од ЖФК КУЛ веќе беа повикувани во националните младински селекции на Република Македонија што е потврда на квалитетот со кој располагаме кај дамите.

Кул е познат по посветената и професионална работа, условите и терените за работа со кои располагаме,  пријателството, учеството на голем број на меѓународни турнири, како и организацијата на сигурно најмасовниот младински турнир во Македонија „Кул Куп“ кој сите искрено се надеваме дека оваа година ќе се одржи, со што ќе продолжи традицијата и масовноста на овој настан, на кој ние сите во клубот сме горди.

Формирањето на женскиот тим е само уште еден во низата проекти, но и остварена цел која ја поставивме, а сигурни сме дека нашите девојки гордо ќе го претставуваат дресот на Кул на сите натпревари.