ЖФК КУЛ ќе биде дел од турнирот „Железара 2021“

Конечно девојките имаат право на фудбалски избор, КУЛ ќе има свој женски сениорски тим
06/01/2021
Одличен натпревар за девојките на Кул, реми на отварање на турнирот против екипата на ЖФК Скопје
06/02/2021

ЖФК КУЛ ќе биде дел од турнирот „Железара 2021“

Женскиот тим на Кул во наредниот период ќе биде дел од турнирот „Железара 2021“ во организација на КМФ Железарец.

На турнирот ќе се натпреваруваат и момчиња и девојчиња, додека Кул ќе земе учество со женскиот тим, во генерацијата 2008. Покрај нашите девојки, на турнирот ќе се натпреваруваат и домашната екипа на Железарец, потоа ЖФК Астибо и ЖФК Скопје. Натпреварите ќе се одвиваат на игралиштето со вештачка трева во школскиот двор на „ООУ Григор Прличев“ во населба Железара.

Турнирот ќе го отвориме вечерва, со дуел против екипата на Скопје. Натпреварот ќе стартува во терминот од 19:00 часот.

Следниот дуел на програмата е во сабота (05.06) против тимот на Железарец, со почеток од 19:00 часот, додека групната фаза ќе ја затвориме на 08.06 со натпревар против екипата на Астибо-Штип, дуел кој ќе започне од 18:00 часот.

На 09 и 10.јуни ќе се одиграат завршните натпревари на турнирот.