Одличен натпревар за девојките на Кул, реми на отварање на турнирот против екипата на ЖФК Скопје

ЖФК КУЛ ќе биде дел од турнирот „Железара 2021“
06/02/2021
(Фотогалерија) ЖФК Кул го одигра премиерниот натпревар на турнирот „Железара 2021“
06/03/2021

Одличен натпревар за девојките на Кул, реми на отварање на турнирот против екипата на ЖФК Скопје

Одличен натпревар за девојките на Кул, на отварањето на турнирот „Железара 2021“. Вечерва го одигравме првиот натпревар, на кој за противник го имавме тимот на ЖФК Скопје. Супер натпревар ни приредија и двете екипи, на кој присутните гледачи едноставно уживаа во мајсториите на овие млади девојки кои се иднината на женскиот фудбал.

Мора да се потенцира одличната игра на нашиот тим, кој на моменти беше подобар на теренот и создаде повеќе шанси. Сепак на крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1. Противникот прв го отвори резултатот со гол во првиот дел од натпреварот, додека Кул притисна во второто полувреме, освен што го израмни резултатот на 1:1 со погодокот на Симона Меијер, имавме уште неколку прилики.

Впечатокот на крајот е одличен, нашиот тренер постојано ротираше давајќи шанса на девојките да се докажуваат на теренот. Се играа две полувремиња по 20 минути, можеби малку време за сите девојки да добијат свои минути, но очекуваме на наредните натпревари сите да имаат свој придонес на теренот.

Следниот дуел на програмата е во сабота (05.06) против тимот на Железарец, со почеток од 19:00 часот.