ЖФК КУЛ со висока победа на турнирот „Железара 2021“

Генерација 2003/04 на Кул и Њу Старс одиграа пријателски натпревар
06/05/2021
(ФОТО) ЖФК КУЛ триумфално против Железарец на турнирот „Железара 2021“
06/06/2021

ЖФК КУЛ со висока победа на турнирот „Железара 2021“

Попладнево одличен натпревар одиграа девојките на КУЛ,  во 2.коло од  турнирот „Железара 2021“. За противник го имавме тимот на ЖФК Железарец. Супер натпревар ни приредија и двете екипи, на кој присутните гледачи едноставно уживаа во мајсториите, на истиот убедлива победа оствари нашиот тим со високи 6-0.

Првиот дел започна со наша доминација и серија шанси на Меланија Грозданова која прва отвори со гол за 1-0. До крајот па првиот дел Лазовска Оља и Тамара стрелаа за високи 3-0.  Нашите девојки беа покреативни во поле имаа поголем посед и добра креација. Со тој резултат се замина на одмор, ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра.

Во вториот дел, тренерот Крстовска даде шанса на целот ростер на оваа средба. Продолживме со исти ритам, на нашиот гол серија одлични одбрани имаше Марија Меијер. Во овој дел Меланија Грозданова погоди уште два пати, додека Сара Димитровска погоди еднаш.  Победата дојде со убедливи 6-0. Бевме одлични, честитки до сите актери на оваа средба и до домаќинот и организаторот.

Наскоро повеќе фотографии од оваа женска фудбалска средба.