Генерација 2003/04 на Кул и Њу Старс одиграа пријателски натпревар

На ефикасен натпревар, нашите помлади пионери беа подобри од Њу Старс
06/05/2021
ЖФК КУЛ со висока победа на турнирот „Железара 2021“
06/05/2021

Генерација 2003/04 на Кул и Њу Старс одиграа пријателски натпревар

Денес на „Цементарница“ пријателски натпревар одигра генерацијата на Кул составена од играчи родени 2003/04 година. Наш противник беше тимот на Њу Старс, против кој одигравме добар дуел, кој на крајот заврши во корист на противникот со резултат 2:3.

Уште во првите минути од натпреварот гостинската екипа успеа да го отвори резултатот, за водство од 0:1, но оваа негатива само ги охрабри нашите момци кои тргнаа фуриозно кон голот на Њу Старс. Пред да стигне израмнувањето имавме шанси преку Марко Ѓоргиевски и Стефан Здравески, но немаше промена на резултатот. Убав погодок видовме на Здравески кој од слободен удар успеа да го совлада гостинскиот голман, кој иако ја зафати топката, сепак истата заврши во мрежата за израмнет резултат 1:1.

Бевме подобри во овој дел од натпреварот, па штета што на одмор не заминавме со позитива. За кратко време се случи целосен резултатски пресврт на овој пријателски дуел. Откако Здравески успешно го проигра во противничкиот шеснаесетник, Томи Станковски беше играчот кој ни донесе предност од 2:1. Се обиде Дамјан Ивановски од голема далечина, но непрецизно, додека противникот после нафрлена топка во нашиот шеснаесетник успеа да го израмни резултатот на 2:2. До крајот на првиот дел, обид кај нас имаше Ангел Петрушевски, но одбрани голманот.

Слично како на стартот од првиот дел, така и на почетокот од второто полувреме, гостинската екипа постигнува гол, за водство од 2:3, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој интересен дуел. Момците на Един Нурединоски притискаа, со цел да стигнат до израмнување, но не успеаа во обидите. Најзрелата прилика ја имаше Горјан Манасиевски кој ја погоди стативата, после нафрлена топка од Станковски. Во овој дел од дуелот беа направени и неколку измени, односно шанса добија и останатите играчи кои беа во составот. До крајот немашe промени, натпреварот заврши со резултат 2:3.

ФК КУЛ: Миленковиќ, Кузмановски, Д.Ивановски, Ристески, Д.Ивановски, Здравески, Јаневски, Петрушевски, Станковски, Манасиевски, Ѓоргиевски.