На ефикасен натпревар, нашите помлади пионери беа подобри од Њу Старс

ФК Рудар Јуниор од Пробиштип гостин на „Цементарница” со селекцијата 2010
06/05/2021
Генерација 2003/04 на Кул и Њу Старс одиграа пријателски натпревар
06/05/2021

На ефикасен натпревар, нашите помлади пионери беа подобри од Њу Старс

На еден ефикасен натпревар, помладите пионери на Кул излегоа како победници на пријателскиот натпревар против екипата на Њу Старс. Утринскиот дуел кој се одигра на Цементарница, заврши во наша корист со резултат 4:3.

Момците на Саше Божиноски повторно одиграа одличен натпревар, сите дадоа максимум и имаа свој придонес во победата. Пред да го отвориме резултатот, имавме две прилики во една иста акција, најпрво Цветановски не успева да го совлада противничкиот голман, додека одбиената топка стигна до еден од нашите играчи кој биеше, но противничкиот дефанзивец во последни моменти ја изби топката од гол линијата и спречи погодок. Бевме решени да поведеме, тоа и се случи кога Стефан Петрушевски беше упорен, одзема една топка, која успева да ја смести во мрежата на Њу Старс за водство од 1:0.

Истиов играч имаше уште една шанса, но шутираше само над голот. Противникот во својот прв посериозен обид успева да израмни на 1:1, но ние пред крајот на првиот дел вративме со одличен погодок на Максим Мундалески кој милиметарски беше прецизен после изведување на слободен удар, матирајќи го голманот на гостите за предност од 2:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме исто така видовме голови, но и многу акции, борба од страна на двете екипи и желба за надигрување. Нашиот тренер како одминуваше дуелот им даде шанса за настап на играчите кои почнаа од клупата. Успеавме после една добра акција да поведеме со 3:1, со првиот гол на Борјан Наков кој погоди на одлична асистенција од Бундалески. Во шанса се најде и Митревски, но одбрани голманот, додека противникот во следната своја акција намали на 3:2.

Имавме голема прилика да ја вратиме разликата на два гола предност, кога центар шут од десната страна упати Васиќ, топката во шеснаесетникот стигна до Амети кој бие со глава, но голманот на Њу Старс со крајни напори одбрани и исфрли во корнер. Гледавме брзо на темпо на игра, а мора да се признае и убавиот гол за гостинскиот тим, кога еден од нивните играчи од преку 25.метри го совлада нашиот голман за резултат 3:3. Се играа последните минути од натпреварот кога во противничкиот шеснаесетник  беше соборен Амети, па беше досуден пенал за нашиот состав. Истиот успешно го реализира Максим Бундалески за победа од 4:3.

Честитки до двата тима за прикажаната игра, ова беше силна и квалитетна контрола и за двете екипи.

ФК КУЛ: Јосифов, Трајчевски, Станковски, Митревски, Стефановиќ, Цветановски, Бундалески, Васиќ, Симоновски, Наков, Петрушевски.