Пораз за генерација 2009 од екипата на Дарнициа Киев

Победнички старт во Несебар за генерациите 2011 и 2012
06/09/2021
Втор натпреварувачки ден во Несебар, генерација 2012 со нова победа, генерација 2011 освои голем бод
06/10/2021

Пораз за генерација 2009 од екипата на Дарнициа Киев

Денес својот прв натпревар на турнирот во Несебар го одигра и генерацијата 2009, која за жал беше поразена од екипата на Дарнициа Киев од Украина.

 

Нашиот тим даде се од себе, но сепак на крајот како подобар се покажа противникот од Украина. Можеби поинаков тек ќе имаше натпреварот доколку успеавме први да го отвориме резултатот, таква шанса имавме преку Кирил Стојановски кој се најде во ситуација да го загрози голот, но голманот му го одбрани ударот, додека одбиената топка стигна до Меланија Грозданова која ја смести топката во мрежата, но голот беше поништен поради офсајд позиција.

Во првиот дел имавме уште еден директен удар кон голот на Дарнициа, после нафрлена топка од корнер, истата се одби до Матеј Манев кој биеше над голот. На неколку минути пред крајот на првиот дел, противникот успеа од слободен удар да го совлада нашиот голман и да донесе предност од 1:0.

Успеваме да воспоставиме рамнотежа во вториот дел, кога постигнавме гол и го израмнивме резултатот на 1:1 преку Игор Трпковски. Сепак тимот од Украина создаде шанси за два нови погодоци, со кои ги постави конечните 3:1 на овој воведен дуел од групата Ц на турнирот во Несебар.

Утре на програмата е 2.коло во кое за противник повторно имаме екипа од Украина, се работи за Карпати ЛВИВ.