Втор натпреварувачки ден во Несебар, генерација 2012 со нова победа, генерација 2011 освои голем бод

Пораз за генерација 2009 од екипата на Дарнициа Киев
06/09/2021
ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ го освои турнирот „Железара 2021“, добивме и 2.лични признанија (ФОТО)
06/10/2021

Втор натпреварувачки ден во Несебар, генерација 2012 со нова победа, генерација 2011 освои голем бод

Денес на програмата е вториот натпреварувачки ден на силниот меѓународен турнир во Несебар ( Бугарија). Утрово генерациите 2011 и 2012 го одиграа и второто коло во групната фаза.

Прва која стартуваше беше генерацијата 2012 која стигна до втора убедлива победа на турнирот. Повторно нашите момчиња доминираа на теренот и излегоа како победници на натпреварот против екипата на Витоша од Бугарија. Конечниот резултат гласеше 6:3.

Нашиот тим имаше предност од 2:0 по финишот на првиот дел, со головите на Ангел Симоновски и Стефан Шиљковски. Во второто полувреме видовме голеада на двете страни. Противничката екипа успеа да постигне три гола, но ние повторно бевме поефикасни и во овој дел од дуелот во Несебар.

 

 

Стефан Шиљковски го постигна третиот гол за нас, додека четвртиот и петтиот гол беа дело на Ангел Симоновски кој денес запиша хет-трик. До крајот на дуелот, Стефан Николовски со својот прв гол денес ги постави конечните 6:3 на натпреварот од 2.коло во групата А. Со оваа победа нашата генерација обезбеди пласман во 1/4 финалето на турнирот, а многу е очигледно дека ќе завршиме како првопласирани во својата група.

Многу поинтересен натпревар одигравме во генерацијата 2011, во која нашиот Кул се сретна со екипата на Раду Ребеја од Молдавија. Иако имавме предност од два гола, сепак во последната минута од натпреварот се спасивме од пораз, извадивме бод кој може да биде и значаен за пласман во осумте најдобри екипи на турнирот. Тргнавме фуриозно на овој натпревар, на кој постигнавме први голови. Резултатот за 1:0 го отвори Јаков Савовски, додека Стефан Стојаноски беше играчот кој ни донесе солидно водство од 2:0. Сепак, имаше слаб период во нашата игра, во кој противникот од Молдавија успеа да врати со два гола и на полувреме да се замине со нерешен резултат од 2:2.

Во второто полувреме видовме голема борба на теренот и двете екипи ја посакуваа подеднакво победата. Создадовме шанси, но сепак противникот направи целосен пресврт и поведе со 3:2. Се играше последната минута од дуелот, кога после една акција од десната страна, Стефан Стојаноски беше играчот кој ни донесе голема радост, постигна гол за израмнување на 3:3. Немаше многу време, па главниот судија свирна крај на дуелот од 2 коло во групата А.

Утре на програмата е последното коло во групната фаза. Генерацијата 2011 силите ќе ги одмери со екипата на Септември од Софија, додека генерацијата 2012 за противник ја има екипата на Нива Виниција која доаѓа од Украина. За истите ќе бидете навремено известени на нашиот веб сајт. До крајот на денот не очекува натпревар со генерацијата 2009, која ќе атакува на прв триумф на меѓународниот турнир  „Black Sea Kup Nesebar“.