Победнички старт во Несебар за генерациите 2011 и 2012

(Фотогалерија) ФК Кул и Њу Старс одиграа “контролка“ со момците од генерација 2003/04
06/08/2021
Пораз за генерација 2009 од екипата на Дарнициа Киев
06/09/2021

Победнички старт во Несебар за генерациите 2011 и 2012

Нашиот клуб имаше успешно отварање на  меѓународниот турнир во Бугарија, „Black Sea Kup Nesebar“. Успеавме да забележиме победа на првите два натпревари, со генерациите родени 2011 и 2012 година.

Најмладата генерација на Кул на овој турнир, момчиња родени 2012 година со победа го отворија турнирот во Несебар, откако славеа на премиерниот натпревар против екипата на Хебар од Бугарија. Во оваа возрасна категорија се игра 6+1 на теренот.

.

Одличен натпревар одиграа нашите млади надежи кои на крајот излегоа како победници на дуелот со бугарскиот тим. Конечниот резултат гласеше 3:1. По првото полувреме имавме водство од 2:0, додека во вториот дел падна во по еден гол во двете мрежи. Стефан Шиљковски беше играчот кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запиша и Ангел Симоновски. 

До убедлива победа стигна и генерацијата 2011 која во првото коло го победи тимот на Черноморец Одеса од Украина. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:2 во наша корист. Во оваа возрасна категорија се игра 7+1 на теренот. Со головите на Филип Чангов и Милош Милошески по првото полувреме имавме минимална предност од 2:1.

Сепак во вториот дел следеа наши три погодоци, два од нив постигна Филип Чангов додека еден беше дело на Стефан Стојановски. Противникот од Украина во овој дел од дуелот постигна само еден гол, за конечни 5:2 на натпреварот од групата А.

Во текот на утрешниот ден не очекуваат нови натпревари, за истите ќе бидете известени на нашиот веб сајт.