КУЛ обезбеди полуфинале со генерација 2012, генерација 2011 загуби од Зимбру на турнирот во Несебар

Познати противниците во 1/4 финалето за генерациите 2011 и 2012, генерацијата 2009 ќе разигрува за пласман
06/11/2021
Генерација 2009 одигра два натпревари за пласман од 9-13 место
06/12/2021

КУЛ обезбеди полуфинале со генерација 2012, генерација 2011 загуби од Зимбру на турнирот во Несебар

Денес на програмата се 1/4 финалните натпревари на турнирот во Несебар. Нашите екипи ги одиграа своите натпревари.

Генерацијата 2011 за жал не успеа да се пласира во полуфиналето и да се бори за еден од медалите на овој силен меѓународен турнир. Нашите момчиња утрово беа поразени од екипата на Зимбру од Молдавија. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 0:3. Сепак честитки за нашиот состав за борбената игра, едноставно тимот од Молдавија се покажа како подобар противник на теренот.

После голема борба, на натпревар со дури 13 голови, нашата генерација 2012 успеа да обезбеди полуфинале. Голем подвиг направија нашите млади надежи кои иако беа во негатива, сепак до крајот се издигнаа и успеаа да ја победат екипата на Атлетик Несебар, во 1/4 финалната елиминациска рунда.

На овој дуел најпрво имавме негатива од 0:2, за да направиме резултатски пресврт и да поведеме со 4:3. Следеше период во кој противникот постигна два гола и повторно поведе со 4:5, но до крајот на дуелот, тимот на Кул успеа да постигне дури три голови во мрежата на бугарскиот тим, за конечни 7:5 на овој крајно интересен и возбудлив натпревар од 1/4 финалето кај генерацијата 2012. Валентин Ацковски постигна два гола, додека по еден беа дело на Давид Николов, Ангел Симоновски, Тамара Атанасова и Стефан Николовски, а противникот си постигна и авто гол.

До крајот на денот ни останува да се одмориме и да мислиме на утрешниот полуфинален дуел. Попладнево натпревар за пласман ќе има и генерацијата 2009 на Кул.