Генерација 2011 подобра од екипата на Локомотив Софија

Генерација 2009 одигра два натпревари за пласман од 9-13 место
06/12/2021
Три генерации на КУЛ ги завршија настапите на турнирот во Несебар
06/14/2021

Генерација 2011 подобра од екипата на Локомотив Софија

Утрово нашата генерација составена од играчи родени 2011 година играа натпревар за пласман од 5-8 место на турнирот во Несебар.

Тимот на Кул за противник ја имаше екипата на Локомотив Софија, која ја совладавме со резултат 5:2. Добар натпревар одигра нашиот тим кој се покажа како подобар на терено и на крајот заслужено победи. По два гола на овој дуел беа дело на Стефан Стојаноски и Филип Чангов, додека еден постигна и Теодор Клампфер. Со овој натпревар ги завршивме настапите на турнирот.

До крајот на денот не очекуваат натпревари и со генерацијата 2009, која разигрува за пласман од 9-13 место. Најпрво со почеток од 14:00 часот по македонско време ќе играме со екипата на Несебар, додека од 14:30 часот не очекува дуел со екипата на Спартак Мелитопол.